logo
logo
logo

„Изгледав како Аватар“: Британец се разбудил со сина кожа

Vecer | 10.03.2026

„Изгледав како Аватар“: Британец се разбудил со сина кожа

Човек од Велика Британија останал целосно шокиран кога едно утро се разбудил син од глава до пети, поради што набргу завршил во болница.

Станува збор за 42-годишниот Томи Линч, кој неодамна купил темносини чаршафи и спиел во нив две ноќи. Кога се разбудил, сфатил дека кожата му ја сменила бојата.

Како што вели, изгледал „како лик од филмот Аватар“.

Пријателот веднаш го однел во болница

Томи тоа утро се чувствувал многу лошо и бил исклучително уморен. Неговиот пријател, кој работи како негувател, видел како изгледа и веднаш го однел во најблиската болница.

По пристигнувањето, медицинскиот персонал веднаш го упатил на лекар, а поради необичната боја на кожата набргу бил приклучен на кислород.

Сепак, набрзо следело неочекувано откритие.

Алкохолнотмарамче го открило вистинскиот причинител

Кога лекарот му ја избришал раката со алкохолно марамче, тоа станало сина.

Во тој момент на сите им станало јасно што навистина се случило – бојата потекнувала од новата постелнина која не била испрана пред првата употреба.

Томи подоцна признал дека добро ги насмеал лекарите.

„Изгледав како Аватар“

Градежниот работник од Касл Гресли во Дербишир раскажал што се случило:

„Не ни знаев дека постелнината треба да се пере пред првата употреба.“

Додал дека луѓето во чекалницата во болницата го гледале во шок.

„Сите во Итната помош ме гледаа како да виделе дух. Морав да одам до шалтерот и не знаев што да кажам – ‘Здраво, се разбудив син’.“

И лекарите биле изненадени од неговиот изглед.

„Лекарите рекоа дека никогаш не виделе некој со таква боја, а сè уште жив. Изгледав како Аватар. Штом ми ја избришаа раката и видоа дека марамицата станува сина, сè стана јасно.“

На крајот, вели дека ја напуштил болницата „повеќе црвен отколку син“, бидејќи му било малку непријатно.

Сè започнало по втората ноќ

Томи објаснил дека по втората ноќ спиење во новите чаршафи спиел дури 14 часа и се разбудил попладне целосно син.

„Пред некој ден се ракував со некого и неговата рака малку посини, но мислев дека е само од студот.“

Додал дека веројатно ноќта била многу топла.

„Веројатно сум се прегреал таа ноќ, но навистина беше убаво и топло.“

Неговиот пријател Дел затропал на вратата бидејќи Томи долго спиел.

„Спиев 14 часа, а кога ме виде, рече дека мора веднаш да одиме во болница.“

Мајка му била сериозно загрижена

Томи ѝ испратил фотографија на мајка си, која веднаш помислила дека има сериозен проблем со циркулацијата.

Во меѓувреме, се обидел да ги измие рацете и да ја отстрани бојата.

„Се качив горе, облеков чисти боксерки и се обидов да ги измијам рацете, но бојата не се симнуваше, а сапунот не стануваше син.“

Додека се обидувал да се смири, неговиот пријател инсистирал да одат во болница.

„Рече дека мора да одиме бидејќи како негувател веќе видел вакви случаи и дека може да биде сериозно.“

Загрижен дека на Томи можеби му недостасува кислород, пријателот го однел во болницата „Квинс“ во Бертон, каде што лекарите брзо ја откриле вистинската причина за неговата необична состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk