logo
logo
logo

Беше најубавото бебе на светот и „жива кукла“, но сега порасна и никој не може да ја препознае

Vecer | 15.04.2025

Беше најубавото бебе на светот и „жива кукла“, но сега порасна и никој не може да ја препознае

Ајра Мари Браун се појави во јавноста кога имаше само шест месеци. Нејзините фотографии почнаа да кружат на интернет, а со нејзината порцеланска кожа, руси кадрици, долги трепки и неверојатно големи сини очи, таа плени милиони корисници на социјалните мрежи. Наскоро ја нарекоа „најубавото бебе на светот“, а многумина ја споредија со жива кукла.

Сепак, брзата и рана слава не беше случајна. Медиумите објавија дека нејзината мајка, исто како и во случајот со најубавите близначки на светот, активно ја градела кариерата на Ајра уште од најраното детство со тоа што активно учествувала во детските натпревари за убавина, на кои убавата синоока речиси секогаш го освојувала првото место. Покрај тоа, таа брзо стана заштитно лице на многу рекламни кампањи за детска облека, играчки и козметика.

На само четири години, Ајра започна да учествува на модни ревии, а на осум години се појави во четири филма. Според извештаите од руските и источноевропските медиуми, Ајра учествувала во детски кратки филмови и промотивни видеа, кои се емитуваат на интернет и на регионалните канали.

Нејзиниот изглед беше толку впечатлив што за кратко време стана интернет сензација. Се шпекулираше дека во еден момент таа заработувала над 10 милиони долари годишно, иако не е потврдено дали оваа бројка е точна – се претпоставува дека тоа била проценка на потенцијалниот приход на врвот на нејзината слава.

Не изостанаа критиките и контроверзите

Како што растеше Ајра, нејзиниот изглед стануваше сè поумерен - таа сè уште беше згодно девојче, но повеќе го немаше тој исклучително впечатлив изглед на „жива кукла“ што ја издвојуваше како бебе и девојче. Поради тоа, нејзината мајка почнала да ја шминка, да става перики и да ја облекува во екстравагантна облека секој ден, за да ја задржи илузијата за извонредна и нереална убавина.

Овој пристап наиде на остри критики од јавноста, психолозите и организациите кои се занимаваат со правата на децата. Многумина тврдеа дека нејзината мајка со овие постапки и го украла детството на Ајра и ја оптоварувала со слава, непотребен притисок и очекувања секогаш да изгледа совршено.

Животот денес

Денес, на 16 години, Ајра Мари Браун води многу потивок живот, иако сè уште покажува амбиции да остане во светот на модата и забавата. Повремено е активна на Инстаграм, каде споделува фотографии од секојдневниот живот, модни содржини, а понекогаш и се навраќа на своето детство. Иако нејзините приходи сега се далеку поскромни отколку на почетокот на нејзината шоубиз кариера, Ајра во едно од нејзините ретки интервјуа изјавила дека сака да стане актерка кога ќе порасне.

Нејзиното име беше користено во бројни вирални објави, иако нејзината кариера не продолжи да се развива со истото темпо како што посакуваше нејзината мајка, делумно поради природната промена во нејзиниот изглед, а делумно поради преголемиот притисок што го носеше со себе, со кој не можеше и не сакаше повеќе да се бори.

Иако веќе не е во центарот на вниманието како некогаш, Ајра денес бара свој нов пат, далеку од сензационализмот. Можеби во иднина ќе нè изненади – овојпат како млада актерка со сериозна улога во сериозна претстава, но според сопствени правила и мислења и во согласност со нејзините желби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk