ОВЕН
Многу е можно информациите што доаѓаат да не се точни, затоа немојте веднаш да паничите или да се сомневате ако слушнете нешто што не ви се допаѓа. Денот е проблематичен и во емотивна смисла, бидејќи сигурно е дека нема да се разберете на вистинскиот начин со саканата личност.
БИК
Сакавте барем еден ден одмор од напорните настани во изминатата недела, но ќе мора да го оставите одморот за друг пат. Овој ден ќе ви ја исцрпи и малата енергија што ви останува. Затоа облечете ја вашата најубава насмевка навечер, за некој посебен.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте вашето его и суета да ви се испречат денес, ниту во деловните, ниту во емотивните односи. Можно е да не сте во право за некои прашања и подобро би било да слушате, наместо да се навредувате и да бидете подготвени за дискусија. Малку добра волја и се ќе биде во ред.
РАК
Не сте расположени за разговори, а мора да се признае – не сте расположени ниту за работа. Се затворивте во својата школка и на другите им е тешко да ве извлечат од неа. Ги преиспитувате вашите потези и постапки од претходниот период и сте многу критични кон себе и кон другите. Одморете се од се...
ЛАВ
Денеска не можете да излезете од глава да размислувате и да се оптоварувате со деловни обврски. Само ќе создадете непотребна конфузија, бидејќи нема да бидете „присутни“ во ништо што ќе работите. Не бидете ексклузивни и тврдоглави во односот со саканата личност, тоа можете многу подобро...
ДЕВИЦА
Денес сте доста остри во комуникацијата со другите, критични и како само да чекате некој да згреши. Така ќе се однесувате и кон саканата личност, која сосема мирно ќе ги набљудува вашите променливи расположенија....
ВАГА
Денес ви требаат други за поддршка, но вашиот пристап кон нив е сосема погрешен. Ако ви треба помош, не можете да инсистирате на тоа, туку побарајте услуга. Ајде, пушти ја малку топката и не се однесувај како сите да постојат само за тебе...
СКОРПИЈА
Енергијата на овој ден ве радува. Зафатете се уште денес, бидејќи сте вредни, вредни, вредни и прецизни. А навечер предлогот за вас е се што е поврзано со емоција – убав контакт со партнерот, а ако сте осамени – на повидок се нови симпатии.
СТРЕЛЕЦ
Денес би било убаво да сте фини во комуникацијата, особено со властите и шефовите. Не мора за се да имате контра аргумент. Кога сте со саканата личност, водите љубов, а не војна. Веројатно не ни знаете зошто денес водите бесмислени расправии...
ЈАРЕЦ
Денес би можеле да одморите и да се одморите од сите ваши обврски. Во секој случај, не сте премногу подготвени да се справите со покомплицирани ситуации на работа. Ќе ви се допаѓа мирот и тишината, ќе сакате да се занимавате со работите и луѓето што ги сакате.
ВОДОЛИЈА
Најдобро би било денес да одвоите повеќе време за себе. Сите настани од претходниот период ве исцрпија и нервозни, а време е за пауза. Препораката за вас, за овој ден да биде убав и исполнет со уживање, е да посветите време на семејството или партнерот.
РИБИ
Имате феноменални планови за вас и вашиот емотивен партнер, но прашање е дали ќе успеете да ги остварите, барем делумно. Некои обврски ќе се појават сосема непланирано и ќе мора да им посветите време. Сепак, саканата личност ќе има трпение и ќе чека заеднички моменти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата