logo
logo
logo

Ѕвездата на „Итна помош“ трагично го загуби животот: „Се удави додека пливаше во нејзината омилена река“

Vecer | 28.06.2022

Ѕвездата на „Итна помош“ трагично го загуби животот: „Се удави додека пливаше во нејзината омилена река“

Мери Мара, актерка позната по улогите во сериите „Итна помош“ и „Реј Донован“ почина на 62-годишна возраст, потврди нејзиниот менаџер Крег Дорфман во изјава за CNN.

Мери беше една од најдобрите актерки што сум ги запознала“. Се сеќавам дека ја видов на сцената во 1992 година во „Mad Forest“ на Бродвеј. Таа беше електрична, духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостига – изјави Дорфман.

Според соопштението на државната полиција на Њујорк, полицајците одговориле на повикот околу 8:10 часот по локално време во неделата поради „можно давење“. Полицијата и пожарникарите од Кејп Винсент и брзата помош пристигнале на местото и ја пронашле мртвата жена во реката Сент  Лоренс, се вели во соопштението.

- Телото на Мери беше пронајдено утрото во нејзината сакана река. Таа се удави додека пливаше - изјави портпаролот за Fox News Digital.

Немаше траги на насилство, се додава во соопштението на полицијата. Експертската канцеларија на округот Џеферсон се очекува да изврши обдукција за да се утврди официјалната причина за смртта, соопшти полицијата.

Мара имаше богата кариера во телевизијата и филмот, вклучувајќи улоги во повеќе епизоди во серии како што се „Декстер“, „Закон и ред“, „Пракса“ и „Ѕвездени патеки: Ентерпрајс“. Таа беше најпозната по улогите во „ „Итна служба“ и „Реј Донован“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk