logo
logo
logo

ДВОСЕДОТ НА РАМО и се качи на велосипед: 6 години го правам ова (ВИДЕО)

Vecer | 22.04.2021

ДВОСЕДОТ НА РАМО и се качи на велосипед: 6 години го правам ова (ВИДЕО)

Можеби сте навикнати достава на мебел да се врши со комбе или камион, но никогаш немало да помислите дека може и со велосипед.

Еден Американец го изненади целиот свет носејќи  двосед на велосипед.

Луѓето го гледаа со неверување, а еден му дофрли шеговито дали му треба помош, на што тој одби.

„Не“, одговори човекот на велосипедот.

Кога возачот на автомобилот го праша дали е сигурен дека може сам, следеше неверојатен одговор.

„Да. Ова го правам веќе шест години “, рече човекот на велосипед и продолжи со двоседот на рамо.

Авторот на видеото во коментарите додаде дека и некои други изненадени возачи се понудиле да му помогнат, но дека тој ги одбил сите.

@albeezyyyyyyOne man moving company

♬ original sound - Albert Molina

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk