Вербалниот конфликт се претворил во шлаканици, клоци и влечење за коса, пред запрепастените машки и женски клиенти, пренесува Daily Mail.
На видеото можете да се види девојки во кафена или жолта опрема како се расправаат. Набргу почнаа да паѓаат шлаканици, но луѓето некако ги разделија.
Драмата заврши, но не за долго. Тепачката продолжила во друг дел од просторијата, а очаен посматрач неуспешно се обидел да ги раздвои ривалките.
Расправијата дополнително ескалирала, ударите зачестиле, додека на крајот не интервенирале мажите и спречиле посериозен инцидент. Претставниците на салата подоцна изјавија дека „не го одобруваат насилството во ниедна форма“.
Еден од сведоците, кој сакал да остане анонимен, рече:
„Крај на годината е, салата беше преполна и на крајот дојде до тепачка. Откако биле разделени, завршиле во канцеларијата на менаџерот. Колку што знам, полицијата не била повикана“, рече тој.
Локалните медиуми јавуваат дека во инцидентот немало сериозно повредени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата