logo
logo
logo

Двајца работници си разговараат на перон, кога наеднаш едниот го удара жица под напон (ВИДЕО)

Vecer | 08.12.2022

Двајца работници си разговараат на перон, кога наеднаш едниот го удара жица под напон (ВИДЕО)

Како што може да се види на видеото кое стана вирално во Индија, двајца продавачи на билети стојат на платформата и разговараат кога меѓу нив падна жица под напон, онесвестувајќи еден од работниците, а неговото тело падна на шините, пишува Дејли Мејл.

Другиот работник во железница исто така бил погоден од струен удар, но избегал неповреден.

Човекот кој паднал на шините преживеал само благодарение на брзата реакција на присутните, кои му пришле на помош.

Мажот се здобил со изгореници и се наоѓа на лекување во болница, соопштија официјалните лица.

Коментарите на социјалните мрежи велат дека второто лице поминало подобро поради гумените ѓонови на патиките, додека мажот кој починал носел кожени чевли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk