logo
logo
logo

ДУШКО ТОШИЌ ДОЛГО ЈА КРИЕЛ ОВАА ВИСТИНА: Карлеуша е виновна што животот целосно му се смени!

Vecer | 26.09.2023

ДУШКО ТОШИЌ ДОЛГО ЈА КРИЕЛ ОВАА ВИСТИНА: Карлеуша е виновна што животот целосно му се смени!

Познатиот фудбалер Душко Тошиќ зад себе има успешна фудбалска кариера, но животот ни најмалку не бил љубезен кон овој спортист.

Тој имал тешко детство во едно село кај Зрењанин, додека неговите родители едвај заработувале за основните животни потреби, а сега живее живот каков што не ни можел да ни сонува.

Душко Тошиќ е роден на 19 јануари 1985 година во Зрењанин. Сениорската кариера ја започна во ОФК Београд, а до 2021 година играше во дресот на француски Сошо, германски Вердер Бремен, англиски Квинс Парк Ренџерс, белградска Црвена Звезда, турски Бешикташ и кинески Гвангжу.

Сепак, фудбалерот бил во доцните години кога потпишал за турскиот клуб, каде одиграл само 10 натпревари, а потоа замина во управата.

Душко Тошиќ израснал во селото Орловац кај Зрењанин. Бидејќи отсекогаш го сакал фудбалот, а неговите родители немале доволно средства да го финансираат, таткото Милорад го запишал во Домот за напуштени деца „Ангелина Којиќ Гинаж“ во Зрењанин, каде што престојувал во интернат, учел и тренирал фудбал. Според соседите и луѓето кои тогаш биле вработени во интернатот, Душко пораснал со многу родителска љубов.

Редовно доаѓал дома во Орловац,

Тошиќ се ожени со српската поп пејачка Јелена Карлеуша. Тие се запознале во 2007 година, а по неколку месеци врска решиле да се венчаат. Свадбата се одржа на 28 јуни 2008 година во спортскиот комплекс на белградскиот хотел „Президент“. Оттогаш, животот на фудбалерот се промени. Карлеуша е главниот „виновник“ што неговиот живот се претвора во бајка од моментот кога се запознале.

На 7 септември 2008 година ја родила својата прва ќерка Атина, а на 7 септември 2009 година втората ќерка Ника. Додека Тошиќ играше во Бешикташ, тие живееја меѓу Белград и Истанбул.

Иако фудбалерот не сака многу да се експонира во медиумите, неговата сопруга на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од својот живот. Тошиќ и Карлеуша важеа за еден од најскладните парови на српската јавна сцена, но се шпекулира дека не се во добри односи во последните години.

Познатиот фудбалер веќе неколку месеци е фудбалски менаџер и заработува од процентот на трансфери, односно продажба на играчи.

Иако ја промени „професијата“, Тошиќ не е стациониран во Србија, но сега има повеќе време да помине со семејството, а често патува и преговара со потенцијалните клубови на своите играчи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk