logo
logo
logo

„Дубровник е убав, АМА СКАП КАКО ЊУЈОРК“ (ВИДЕО)

Vecer | 07.07.2022

„Дубровник е убав, АМА СКАП КАКО ЊУЈОРК“ (ВИДЕО)

Дигиталниот номад Џони ФД патува низ светот од 2008 година, а искуствата од патувањето ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи и на Јутјуб, каде што го следат речиси 250.000 луѓе.

Овој Американец од Сан Франциско во јуни посетил неколку земји на Балканот, како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.

Во својата серија на Јутјуб во која ги претставува местата кои ги посетил во Хрватска, тој упати комплименти за Задар, Шибеник и Сплит, а како љубител на серијата „Игра на тронови“ не можел да одолее и да не го посети Дубровник. Сепак, постојат многу спротивставени мислења за популарниот туристички град на Јадранот.

„Дубровник е прекрасен град. Тоа е едно од оние места што треба да ги посетите, особено затоа што таму е снимена „Игра на тронови“, вели Џони Ф и додава дека е прескап и преполн со луѓе.

Џони ФД истакнува дека Дубровник има своја интересна историја, но дека за него можете да дознаете од туристичката тура која трае околу 2,5 часа.

„Остатокот е составен од прескапи ресторани, продавници за сувенири, толпи туристи од бродови за крстарење и меден месец. Тоа е навистина сè што постои“, вели овој Јутјубер.

Цени како во Њујорк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny "FD" Jen (@johnnyfdj)

За да докаже дел од своите тврдења отишол да појадува во пекарата „Холи Бурек“ и избрал бурек со телешко месо кој се продава по цена од околу 6 евра.

Ова мало парче леб чини 6,42 долари, истакна тој недоверливо во видеото. Има добар вкус, но минатата недела јадев нешто слично во Босна и Херцеговина за шест пати помалку.

Седнал на ручек во некој ресторан во Дубровник и платил 40 долари за оброкот.

„Оброкот беше доста добар, но ако нарачате чаша вино и десерт со него, лесно можете да потрошите 50, 60, 70 или 80 долари по човек, што е многу скапо. Особено што сме во Хрватска, на Балканот, во поранешна Југославија“.

„Дубровник е поскап од Сплит, а неговите цени се споредливи со Њујорк, Хаваи и Норвешка“, вели Џони ФД во своето видео. На своите следбеници им препорачува дефинитивно да дојдат на гости, но на тоа да не треба да одвојат повеќе од еден ден.

Добрите страни на Дубровник

Една од добрите работи што ги пофали во Дубровник е тоа што сите угостителски објекти прифаќаат кредитни картички, но веднаш потоа изјави:

„Тие мора да земат кредитни картички бидејќи работите се толку скапи што никој не носи доволно готовина за да плати за тоа што му треба овде.

Но, потоа влегол во слаткарницата Џани и сите приговори паднале во вода.

https://youtu.be/ZsJWl-R-4pg

Заборавете на се што ви кажав за Дубровник, вреди да дојдете овде само за сладоледот. Џани го има најдобриот сладолед што сум го изел насекаде во светот, вклучително и Италија.

Мислењата на коментаторите на YouTube се поделени

Откако го објави видеото на својот канал пред околу три недели, собра околу 42.000 прегледи, но и бројни коментари.

Горан се пошегува и напиша: „Џони, мислам дека ја преувеличуваш важноста на „Игра на тронови“ за Дубровник. Дури и пред 50 години Дубровник беше полн со туристи и многу скап.

„За сите луѓе кои се жалат дека Дубровник е преполн. Што очекувавте? Тоа е како да одите пред Саграда Фамилија во Барселона во средината на јули... Дојдете во Дубровник во март и доживејте ја големата разлика“, вели Патрик.

Стјепан истакна: „Драг Џони, Дубровник има 10 пати повеќе историја од цела САД. Штета е како зборуваш за тоа. Мислам дека не сакаше да бидеш груб, веројатно се работи за недостаток на знаење “.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk