logo
logo
logo

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Vecer | 11.07.2022

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот резултираше со трансфер на вработените од угостителската индустрија во Германија кон други стопански дејности, првенствено во малопродажбата и логистиката, покажува истражувањето спроведено од Институтот за германска економија.

Само во 2020 година туристичката индустрија ја напуштиле 216 илјади работници, од кои речиси 35 илјади нашле нова работа во малопродажбата каде примањата изнесуваат почетни 14 евра за час.

Околу 27 илјади работници се префрлиле од угостителството во транспортниот и логистичкиот сектор, меѓу другото како доставувачи на стоки, а исто толку се вклучиле во секторот за менаџмент како секретари.

Според истражувањето, угостителството го напуштиле главно работниците со скратено работно време или работа на определено.

„Во ниту еден друг сектор за вработување падот не е толку силен, ниту во апсолутна ниту во релативна смисла“, посочуваат авторите на студијата Анника Јансен и Пола Рисиус.

Здружението на баварски хотели и ресторани (ДЕХОГА) бара соодветна имигрантска политика во Германија за да надмине проблемот со „егзодусот“ на работниците. Како пример се посочува олеснет пристап до работа во Германија за граѓани од земјите од Западен Балкан.

„Треба да се забрза процесот на доделување визи за апликантите од земјите што не се членки на ЕУ“, изјави генералниот директор на ДЕХОГА, Томас Геперт, кој не е уверен дека земјата нема да успее да го надомести недостатокот работна сила со домашни работници. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk