Според извештаите, сѐ почнало кога осомничениот во понеделникот вечерта повикал брза помош жалејќи се на болки во стомакот...
Хироши Хирата бил прегледан од тројца болничари, додека во тој миг бил пијан, и медицинските лица утврдиле дека нема потреба да оди в болница. Пациентот потоа, се наведува, се вознемирил и им се заканил на болничарите со нож, па излегол надвор и им го украл возилото на брза помош.
Полицијата ги пронашла Хирата и возилото на паркинг на аптеката во близина и го уапсила на самото место. Во полициското соопштение се вели дека Хирата изјавил оти имал намера „сам да се превезе“ до болница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата