logo
logo
logo

Драма во Стокхолм: Крокодил нападна човек за време на забава

Vecer | 10.09.2024

Драма во Стокхолм: Крокодил нападна човек за време на забава

Рептилот ги зарил забите во раката на осумдесет годишникот, а нападот се случил пред 75 гости на годишната забава што се одржувала во зоолошката градина и аквариум Скансен во центарот на Стокхолм.

„Се обидов да го натерам крокодилот да го олабави својот стисок“, изјави ТВ водителот, експерт за крокодили и водител на забава, Јонас Валстром, за Афтонбладет.

Тој изјавил дека нападот го гледал од само неколку метри.

Нападнатиот човек требало да одржи говор за време на вечерата и поставил платформа која се граничи со просторот за крокодили во аквариумот Скансен.

Откако ја подаде раката над заштитното стакло, го нападна крокодил.

Валстром рече дека залудно се обидувал да го запре животното со извици, додека забите се зариле длабоко во раката на жртвата.

„Она што ми помина низ глава беше дека морав да го натерам крокодилот да му ја пушти раката, имаше многу крв“, рече Валстром.

Меѓу гостите имало и тројца лекари кои дошле на помош и се обиделе да го спречат крварењето со појас и салфетки, додека чекале брза помош.

Според портпаролот на болницата, состојбата на повредениот е стабилна.

Во аквариумот во Скансен има два примероци од реткиот кубански крокодил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk