Првата дама на Франција, Брижит Макрон, отворено проговори за пријателството што го развила со Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за францускиот весник „Ле Монд“, таа откри како успеале да имаат блиска врска и покрај бројните протоколи и строги правила што ја опкружуваат првата дама на Соединетите Американски Држави.
Брижит истакнала дека Меланија е „многу духовита, интелигентна и отворена личност“, но дека ретко е во можност да ја покаже својата вистинска природа во јавноста поради постојаниот надзор и безбедносните мерки.
„Не може ниту прозорец да отвори во Белата куќа“
Макрон се сети како се запознале во Париз, а потоа повторно се дружеле за време на официјалната посета на француската делегација во Вашингтон. Во моментите поминати заедно, вели таа, се смееле многу и разговарале лежерно, што особено ѝ се допаднало.
- Не може ниту прозорец да отвори во Белата куќа, додека јас шетам низ Париз секој ден. Таа разлика во слободата е огромна, рече Бриџит.

Поинаква е приватно
Иако на јавните појавувања Меланија изгледа сериозна, резервирана и речиси недопирлива, Брижит тврди дека приватно е сосема поинаква личност - шармантна, искрена и многу пријатна за разговор.
- Меланија само го допира часовникот за време на вечерата, а Трамп веднаш станува. Таа му дава сигнал. Тоа е нивниот кодекс. И тој го почитува. Тој има силна личност, но се обидува да го скрие тоа. Таа им се насмевнува на сите, но го покажува тоа многу помалку од мене, додала Французинката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата