logo
logo
logo

„Донирај компјутер“ утре ќе одбележи над 3.000 донирани компјутерски машини

Vecer | 08.06.2024

„Донирај компјутер“ утре ќе одбележи над 3.000 донирани компјутерски машини

Како што претходно информираше Стаменов, настанот има и хуманитарен карактер. Изминативе денови, од понеделникот, до утре, во просториите на „Донирај компјутер“ има поставено кутија каде се собираат средства за лекување на малечката Симона во Турција. Секој посетител може да донира паричен износ според можностите, што потоа ќе се уплатат на банкарска сметка.

Работејќи во фирма што се занимава со продажба и изработка на софтвер за книговодствено работење, Стаменов своевремено дошол на идеја сите оние кои имаат стари компјутери, што фаќаат прашина во некој ќош, да ги донираат, тој да ги среди и да ги подари. 

За неговата хумана работа ја имал целосната поддршка од своите претпоставени. Има добиено бројни признанија за оваа иницијатива, којашто веќе ја следат и други волонтери. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk