logo
logo
logo

Докторите не можеле да се начудат кога го виделе новороденото бебе: Ме фати паника (ВИДЕО)

Vecer | 09.03.2025

Докторите не можеле да се начудат кога го виделе новороденото бебе: Ме фати паника (ВИДЕО)

Жителката на Бирмингем, Алабама, се породила со царски рез на 4 март, а нејзината ќерка го добила името Парис Хало, пренесува Дејли Меил.

Памела се породила 16 дена порано со планиран царски рез, но добила и неверојатно изненадување.

„Кога докторот го извлекол бебето, сите медицински сестри реагирале во шок. Слушнав „Боже мој“. Веднаш ме фати паника бидејќи не знаев што се случува“, вели таа.

Причина за реакцијата била големината, поточно тежината на новороденчето од шест килограми и 30 грама, што е двојно повеќе од просекот.

Изненадувањето било дотолку поголемо бидејќи четири недели пред породувањето, бебето на Памела било тешко 3,6 килограми, додека техничарот за ултразвук утврдил дека има 4,5 килограми.

Мајката открива дека Парис Хало се прославила во медицинскиот центар во Алабама, каде што е родена.

„Сите медицински сестри ја посетуваат сакајќи да ја видат нејзината големина со свои очи“, додала Памела.

На првите фотографии се гледа бебето во розова маица со лигавче на кое пишува „Добре дојде на светот“ и голема розова машна на главата.

Членовите на семејството веќе смислиле прекари за Парис Хало, како „Ѕвезда“ и „Големата мајка“.

Девојчето неколку дена било задржано на одделот за неонатална интензивна нега, а Памела вели дека е во одлична состојба.

„Таа има три дена, а веќе е позната“, гордо рекла нејзината мајка.

Инаку, според Гинисовата книга на рекорди, најтешкото бебе на светот е родено во 1955 година во Италија, а тежело неверојатни 10 килограми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk