logo
logo
logo

Додека има овци ќе има и волна: НОВА СЕЗОНА, НОВ МАКЕТИНГ ТРИК ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ

Vecer | 06.11.2025

Додека има овци ќе има и волна: НОВА СЕЗОНА, НОВ МАКЕТИНГ ТРИК ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ

Секоја сезона-две маркетинг агенциите кои работат за козметичките фирми измислуваат нов метод и производ кој “подмладува“ или слабее, повеќе од било кој друг порано! И, нормално, кон тоа се поддржува со препорака од “специјалисти“. За оваа сезона ова е најновата маркетинг јадица:

Егзозоми – мали честички што ја враќаат младоста. – Егзозомите, иднината на неинвазивната козметика се природна алтернатива со које се поттикнува кожата самата да се обновува – комбинирајќи ја ефикасноста на биотехнологијата со природниот процес на регенерација.

Науката за убавина во последно време сè повеќе се насочува кон природни решенија со кои кожата се обновува одвнатре. Меѓу најперспективните откритија се егзозомите – микроскопски честички што клетките ги користат за меѓусебна комуникација. Тие делуваат како „поштенски гласници“, носејќи сигнални молекули до фибробластите и поттикнувајќи ги повторно да произведуваат колаген, еластин и хијалуронска киселина. На тој начин не додаваат колаген однадвор, туку ја активираат природната синтеза одвнатре – со што кожата станува поцврста, поеластична и посјајна.

Колагенот, кој сочинува околу 80 проценти од сувата маса на кожата, со текот на годините постепено се намалува – по 25-тата година телото годишно губи околу еден процент од неговото производство, а до педесеттата – и до 40 проценти. Резултатот е опуштена кожа, фини линии и губење на тонус. Егзозомите се покажуваат како нов, биолошки активен одговор на овој процес.

Особено внимание привлекуваат билните егзозоми, добиени од јаболко, папаја, мандарина или алпски еделвајс, богати со антиоксиданси и полифеноли. Истражувањата објавени во *ACS Applied Bio Materials* покажуваат дека овие природни честички го забавуваат клеточното стареење и ја зголемуваат синтезата на колаген во фибробластите. Клиничките тестирања кај жени на возраст од 40 до 50 години покажале подобрена еластичност на кожата за над 20 проценти и видливо намалени брчки по само 45 дена употреба.

Според професорот Иван Вол од Универзитетот во Бирмингем, егзозомите „ја потсетуваат кожата да се обновува природно“, а естетскиот хирург д-р Костас Папагеоргиу ги нарекува „мали доставни комбиња“ кои пренесуваат молекули неопходни за регенерација. Во дерматолошките ординации, третманите со егзозоми сè почесто се комбинираат со микронедлинг или ласери, овозможувајќи длабинско дејство и забрзано создавање на нов колаген.

И така натаму... Па, кој е слаб на нови трендови а уште ппслаб на логика и барем површни познавања на биологијата и своето тело нека се спреми за ново шпартање по козметичките дуќани со барање за некој од ЕГЗОМИТЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk