logo
logo
logo

Пристигнува нова вакцина од Фајзер: Еве по што се разликува од постојната!

Vecer | 20.05.2021

Пристигнува нова вакцина од Фајзер: Еве по што се разликува од постојната!

Компанијата „Фајзер“ работи на нова верзија на вакцината против коронавирусот, која ќе може полесно да се чува на повисоки температури, најави извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла.

Едно од главните проблеми во врска со вакцината произведена од оваа компанија беше температурата на складирање. Новата верзија на вакцината ќе може да се чува во класичен замрзнувач со месеци.

– Јас сум многу оптимист дека сме на добар пат да го постигнеме тоа, вели Бурла.

– Вакцините сега се чуваат на -70 степени, но сега може едноставно да се замрзнат повеќе од еден месец. Ова е значително подобрување што обезбедува огромна флексибилност за здравствените работници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk