logo
logo
logo

Дневен хороскоп за петок - Размислете како треба да се искупите пред вашата сакана личност

Vecer | 01.07.2022

Дневен хороскоп за петок - Размислете како треба да се искупите пред вашата сакана личност

Овен

Љубов:

Чувствувате нов емотивен наплив. Активирајте ја вашата имагинација и вештини за заведување кога сте во друштво на саканата личност.

Работа:

Нема потреба да се експонирате во друштво на соработниците, мудро чекајте ја завршната фаза во деловните преговори.

Здравје:

Важно е да ја канализирате вашата креативна енергија.

Бик

Љубов:

Занемаривте нечии чувства, гласот на совеста ве потсетува да се извините. Размислете како треба да се искупите пред вашата сакана личност.

Работа:

Вашите колеги имаат добра деловна стратегија, затоа прифатете нови идеи или посовремени решенија кои водат до практични резултати.

Здравје:

Важно е да се усогласат мислите и чувствата.

Близнаци

Љубов:

Поставувањето прекумерни барања кон партнерот носи негативен ефект. Некому му пречи вашето импулсивно однесување.

Работа:

Нема причина да се докажувате пред луѓе кои применуваат различни правила или деловни критериуми.

Здравје:

Во вечерните часови ќе уживате во релаксација.

Рак

Љубов:

Изгледате задоволни и расположени за излегување или нов состанок. Саканата личност прави се што е потребно за да ги исполни сите ваши очекувања.

Работа:

Важно е да се постигнат позитивни резултати, но не по цена на прекин во деловната соработка. Искористете го туѓиот корисен совет.

Здравје:

Ќе уживате повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.

Лав

Љубов:

Доколку ве оптоваруваат нови емотивни сомнежи, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте да ја докажете вистината.

Работа:

Во заеднички интерес е актуелните проблеми да се решат што побрзо и без дополнителни компликации.

Здравје:

Ќе ви годи психофизичка релаксација, опуштете се.

Девица

Љубов:

Ве привлекуваат необични ситуации кои носат некаков „скриен шарм“. Одржувајте умереност и дискреција во емотивните средби.

Работа:

Се’ си има своја добра и лоша страна, затоа навреме одлучете што преферирате во деловната соработка.

Здравје:

Ќе ви годи диететска исхрана и релаксацијата.

Вага

Љубов:

Нема причина да се истакнувате во друштво на саканата личност. Работите сами ќе си дојдат на свое место, бидете трпеливи.

Работа:

Размислете за корекција на деловните правила, потребно ви е ново и поефикасно решение.

Здравје:

Внимавајте на поздрав начин на исхрана, консумирајте повеќе витамини.

Скорпија

Љубов:

Покажете добра волја, не можете да очекувате среќен епилог да дојде сам по себе. Ви треба нечие разбирање.

Работа:

Некој ве наведува да направите погрешен избор и се обидува да го ограничи вашето деловно влијание. Достоинствено прифатете ја моменталната позиција.

Здравје:

Избегнувајте стресни ситуации и ривалства.

Стрелец

Љубов:

Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на саканата личност. Прилагодете ја вашата улога за да ги задоволите вашите заеднички потреби.

Работа:

Важно е да изберете ситуација која истовремено ги исполнува вашите духовни интереси и носи материјална корист.

Здравје:

Ќе ви годи прошетка или поминување време во природа.

Јарец

Љубов:

Бидете доволно имагинативни, испланирајте возбудлива забава за двајца. Освојте ја личноста за која се грижите.

Работа:

Се што правите со позитивен став остава добар впечаток кај колегите и ја потврдува вашата улога во заедничкиот договор.

Здравје:

Важно е да применувате проверени рецепти, како поттик за добро расположение.

Водолија

Љубов:

Расположени сте за состанок или некоја возбудлива забава. Деталите за кои молчите имаат повеќе значење.

Работа:

Според вас, нечија приказна делува неубедливо и претерано, па се потпирате на личното расудување и способности.

Здравје:

Треба да ја подобрите вашата ментална и физичка подготвеност.

Риби

Љубов:

Важно е да го правите она што го чувствувате, бидејќи изборот на погрешна улога на крајот остава лош впечаток пред некој ваш близок.

Работа:

Делувате нетрпеливо, но дополнителната иницијатива од ваша страна не носи позитивни резултати и нечија наклонетост.

Здравје:

Не ги преценувајте личните можности, избегнувајте стресни ситуации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk