logo
logo
logo

Дневен хороскоп за четврток: Ако продолжите да се фокусирате на малите нешта, може да ја пропуштите поголемата слика

Vecer | 26.08.2021

Дневен хороскоп за четврток: Ако продолжите да се фокусирате на малите нешта, може да ја пропуштите поголемата слика

ОВЕН

Работа: Ако дејствувате импулсивно, ќе направите грешка на деловното поле.

Љубов: Може да очекувате одличен период за вашата врска со саканата личност да се движи во подобра насока.

Здравје: Можни се проблеми со срцето.

БИК

Работа: Обидете се да најдете начин да го промените она што не ви се допаѓа во вашата работа.

Љубов: Се повеќе се расправате со личноста за која се грижите и не ви е лесно да ја доведете вашата врска до стабилизација.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ви претстои многу поволен период во кој ќе имате можност да постигнете деловен напредок.

Љубов: Раскинувањето нема да ви биде лесно затоа што сте многу приврзани за личноста што ја гледате.

Здравје: Избегнувајте цигари.

РАК

Работа: Пред вас се позитивни околности кои ви носат добри промени на деловното поле.

Љубов: Осаменоста станува здодевна и полека ја будите потребата да се свртите кон нови познанства.

Здравје: Размислувате за диета.

ЛАВ

Работа: Би сакале да заминете на одмор и малку да се ослободите кога станува збор за работата.

Љубов: Не би сакале да ги повторувате грешките што сте ги направиле со поранешниот партнер, во нова врска.

Здравје: Проблеми со видот.

ДЕВИЦА

Работа: Многу сте решени и подготвени да преземете конкретни чекори на деловното поле.

Љубов: Ви се допаѓа личност која е подготвена отворено да ви покаже дека сака и врска со вас.

Здравје: Можни се проблеми со нервоза.

ВАГА

Работа: Задоволни сте од ситуацијата што ја имате на полето на работата и засега нема ништо што конкретно би го промениле.

Љубов: Уживате во авантурите што ги имате и се уште не сте подготвени да започнете посериозна врска.

Здравје: Вашиот нервен систем е чувствителен.

ШКОРПИЈА

Работа: Можете да очекувате дека денес ќе имате стабилна ситуација на полето на работата и дека нема да има поголеми стресови.

Љубов: Уживате во добра врска со саканата личност која ви ги покажува своите искрени чувства.

Здравје: Проблеми со ‘рбетот.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Генерално сте задоволни од околностите што ги имате во односите со деловните соработници.

Љубов: Сакате да се потрудите да создадете подобра комуникација со личноста за која имате искрени чувства.

Здравје: Можни се проблеми со коските.

ЈАРЕЦ

Работа: Можете да очекувате дека ќе можете да ги постигнете вашите цели во оваа област и да бидете многу задоволни.

Љубов: Иако се уште страдате за некоја личност од минатото, ве чека нов познаник.

Здравје: Намален имунитет.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не сте доволно фокусирани на деловното поле. Понекогаш изгледа дека немате доволно мотивација.

Љубов: Може да очекувате променливо расположение што негативно ќе влијае на вашата врска.

Здравје: Полни сте со позитивна енергија!

РИБИ

Работа: Ако продолжите да се фокусирате на малите нешта, може да ја пропуштите поголемата слика.

Љубов: Може да имате интересно познанство кое ќе ве доведе до врска која може да трае долгорочно.

Здравје: Можни болки во стомакот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk