logo
logo
logo

Дневен хороскоп - Контактирајте со саканата личност за утеха и емоционално разбирање

Vecer | 05.08.2021

Дневен хороскоп - Контактирајте со саканата личност за утеха и емоционално разбирање

Дневен хороскоп за 5 август 2021.

Овен

Љубов:

Нема причина да се истакнувате во друштво на саканата личност. Работите ќе си дојдат на свое место, бидете трпеливи.

Работа:

Размислете за корекција на деловните правила, ви треба ново и поефикасно решение.

Здравје:

Обрнете внимание на поздрава исхрана, консумирајте повеќе витамини.

Бик

Љубов:

Контактирајте со саканата личност за утеха и емоционално разбирање. Некој има добра идеја и искрено се грижи за вашето расположение.

Работа:

Вложувате многу енергија во бизнисот со кој се бавите, но на крајот добивате само делумни резултати.

Здравје:

Нема потреба драматично да ги доживувате новите настани, опуштете се.

Близнаци

Љубов:

Во моментов, љубовта и задоволството не одат заедно. Вашиот партнер одеднаш поставува прашања што прават да се чувствувате емотивно непријатно.

Работа:

Потребна ви е дополнителна претпазливост кога се среќавате со соработници и кога оценувате нови деловни можности.

Здравје:

Ќе ви годи активен одмор и неколку часа здрав сон.

Рак

Љубов:

Вие сте под емоционален притисок, мора да испочитувате нечија волја или барања. Иритирани сте од однесувањето на партнерот.

Работа:

Продолжена дискусија ја илустрира вашата несигурност или неспособност да ја надминете моменталната ситуација. Важно е да научите добра лекција.

Здравје:

Избегнувајте конфликтни ситуации.

Лав

Љубов:

Тактиката на надмудрување во врска со саканата личност не го носи посакуваниот епилог. Мора да направите чекор назад.

Работа:

Без оглед на вештината и менталните шпекулации што ги применувате, некој ги предвидува вашите деловни потези однапред и точно.

Здравје:

Избегнувајте импулсивни реакции и брзање.

Девица

Љубов:

Не дозволувајте вашиот партнер да се оддалечи од вообичаените теми. Инсистирајте на вашите емоционални потреби.

Работа:

Можете да ги завршите повеќето од задачите самостојно и без дополнително надворешно влијание. Се се сведува на деловна организација и добра волја.

Здравје:

Уживајте во убавите работи, опуштете се.

Вага

Љубов:

Се чини дека сте расположени за некоја полесна забава. Партнерот лесно одговара на вашиот повик и искрено сака да ви удоволи.

Работа:

Премногу избрзано донесувате одлуки да ја процените новата ситуација на деловната сцена, но за среќа добивате поддршка од околината.

Здравје:

Важно е да има позитивни стимулации околу вас, опуштете се.

Скорпија

Љубов:

Изгледате вознемирени, мора да прифатите нечии правила за заеднички живот или „емоционално предупредување“.

Работа:

Се обидувате да го пренасочите вниманието на околината во насока на вашите интереси. Сепак, постојат отежнувачки околности што ве забавуваат.

Здравје:

Нема причина да ги преувеличувате вашите можности.

Стрелец

Љубов:

Во средбата со саканата личност, избегнувајте да разговарате за тема што ве доведува во непријатна ситуација.

Работа:

Поради различните интереси и правила наметнати од една постара личност, мора да прифатите компромис или утешна варијанта.

Здравје:

Важно е да ја намалите менталната напнатост или нервоза.

Јарец

Љубов:

Ако чувствувате емоционална дилема или сомнеж, избегнувајте нова дискусија и покажете избрани манири во друштво на блиска личност.

Работа:

Некој ве става во состојба на зголемен стрес и го отежнува постигнувањето договор. Нема причина да се протолкуваат нечии изјави на двосмислен начин.

Здравје:

Ќе ви годи витаминска исхрана и поголема количина течности.

Водолија

Љубов:

Партнерот ги разбира вашите намери и искрено се обидува да ве расположи со нови идеи. Прифатете ги позитивните сигнали.

Работа:

Премногу сериозно сфаќате нечија приказна и верувате во добар исход. За секој случај, побарајте нечиј стручен совет или коментар.

Здравје:

Уживајте во убавите работи, акумулирајте позитивна енергија.

Риби

Љубов:

Губите енергија и време во погрешни ситуации, некој нема да ги исполни вашите очекувања.

Работа:

Се’ има свој „животен век“, а вие упорно инсистирате на работи што одамна се надминати.

Здравје:

Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk