logo
logo
logo

Дневен хороскоп - Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што можете да направите

Vecer | 05.12.2021

Дневен хороскоп - Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што можете да направите

Овен

Љубов:

Имате добро претчувство и со нетрпение очекуват емотивна средба.

Работа:

Придружните компликации на патот до целта стануваат ирелевантни кога ве чекаат успешни признанија или задоволство.

Здравје:

Важно е да се воспостави психофизичка рамнотежа.

Бик

Љубов:

Кога се среќавате со саканата личност, повеќето настани не ви се по вкус, но добро се справувате во секоја прилика.

Работа:

Некој се обидува да ги диктира правилата за деловно однесување. Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што можете да направите.

Здравје:

Ќе уживате во некои од техниките на психолошка релаксација.

Близнаци

Љубов:

Поставувате непотребни прашања на блиска личност и на тој начин индиректно поттикнувате нов сомнеж. Нема причина за грижа.

Работа:

Во добра позиција сте да правите паралелни потези, па бидете внимателни при изборот на нови деловни теми или цели.

Здравје:

Обрнете внимание на вашите здравствени опции.

Рак

Љубов:

Ја трошите својата енергија и време во погрешни ситуации, некој нема да ги исполни вашите очекувања.

Работа:

Се’ си има свој „животен век“, а вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати.

Здравје:

Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.

Лав

Љубов:

Тешко ви е да разберете нечии емотивни намери. Внимателно ја анализирате љубовната врска, но ви недостасуваат конкретни одговори.

Работа:

Имате добри идеи, но понекогаш е тешко да се процени конечниот исход во деловните преговори. Постапувајте во согласност со вашите морални принципи.

Здравје:

Избегнувајте ривалства и конфликтни ситуации.

Девица

Љубов:

Обидете се да ја израдувате вашата сакана личност со необична идеја, се’ изгледа поинаку во романтично расположение.

Работа:

Постапувате многу амбициозно, внимателно проверувате различни информации кои влијаат на квалитетот на заедничкиот бизнис.

Здравје:

Вие сте во одлична психофизичка форма.

Вага

Љубов:

Сè повеќе ви пречи нечие присуство или однесување. Сакате да управувате со целата ситуација.

Работа:

Збунети сте од одговорите што ги добивате од соработниците, бидејќи секој има своја верзија на приказната или лични интереси што ги носи за општо добро.

Здравје:

Избегнувајте стресни и напорни ситуации.

Скорпија

Љубов:

Се грижите за помирување со саканата личност, искористете ги вашите „скриени адути“ за да оставите сериозен впечаток.

Работа:

Нема потреба да ги преценувате личните можности, оставете ги вашите соработници да одлучуваат за заедничките интереси.

Здравје:

Обрнете внимание на поуреден начин на живот и правилна исхрана.

Стрелец

Љубов:

Понекогаш треба да се исклучи разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.

Работа:

Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.

Здравје:

Не ги ограничувајте чувствата или желбите, опуштете се.

Јарец

Љубов:

Семејството и блиската личност имаат доволно доверба во вашите способности, па направете се што е потребно за да ги исполните нивните очекувања.

Работа:

Некој се обидува да ви ги наметне своите правила на деловен план, доколку сте доволно снаодливи нема да дозволите успехот наеднаш да падне во погрешни раце.

Здравје:

Одржувајте присебност и психолошка рамнотежа.

Водолија

Љубов:

Положбата на Месечината влијае на вашата чувствителност. Потешко од вообичаено е да се разликуваат вистината или субјективните желби од реалноста.

Работа:

Новите деловни настани ги доживувате како голем товар или неправда што ви ја наметнува вашата непосредна околина.

Здравје:

Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.

Риби

Љубов:

Ако се грижите да го израдувате партнерот, размислете како треба да ги презентирате своите идеи.

Работа:

Објаснувате работи кои вашата околина добро ги знае, но не се осмелува да ги прифати.

Здравје:

Важно е правилно да ја канализирате вашата енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk