logo
logo
logo

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Vecer | 28.04.2021

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Еве каков ден не очекува според денешниот хороскоп.

ОВЕН

Можно е да бидете наклонети кон некои ризични потези, но овој пат тоа ќе ви се исплати. Неочекувано доаѓате до средба со личност која ќе покаже дека и значите. Можна е тахикардија.

БИК

Големи промени се пред вас. Потрудете се одредени измени не ги прифаќате толку тешко. Можно е со саканата личност да планирате заеднички живот и што повеќе да размислувате за брак. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Водете сметка околу тоа дали сите информации кои доаѓаат до вас се вистините затоа што може да имате проблеми со неискрени соработници. Не сте претерано заинтересирани за љубовните случувања и промени. Проблеми со грлото.

РАК

Изненадувачки пресврти на ова поле би можеле да ви донесат неочекувани стресови. Можно е да сте дошле до некои конфликти со личноста која ви значи. Ако се потрудите, ќе ја средите ситуацијата. Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Вашата нервоза ќе може да го расипе впечатокот кој го оставате на работното поле. Работете на самодовербата. Пред вас е прилика со новата личност да остварите стабилна и сериозна љубовна врска. Проблеми со бубрезите се можни.

ДЕВИЦА

Препорака е да го дадете својот максимум на работното поле, за во иднина да може да напредувате. Потребно е да се потрудите на партнерот да му покажете какви очекувања имате конкретно од него. Намалете со внесување на мрсна храна.

ВАГА

Денешниот ден не ви е поволен. Големи се шансите да имате некои неочекувани проблеми со соработниците. Саканата личност ќе покаже дека не е сигурна во своите чувства. Водете сметка околу дигестивниот систем.

ШКОРПИЈА

Нетрпеливи сте, па со тоа може да загрозите одредени работи кои сте пред вас. Не сте задоволни од брачната ситуација и сметате дека страста меѓу вас и партнерот се изгасила. Проверете ја крвната слика. Одете на лекар.

СТРЕЛЕЦ

Максимално сте посветени на обврските и сакате вашиот труд да се гледа и препознае. Чувствувате дека сте подготвени за унапредување. Ако имате партнер, односот би можел да напредува. Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Сте влегле во нова работа и сакате да видите позитивни резултати што порано. Ве очекуваат прилики за нови проекти. Ново познанство ви се случува на место на кое најмалку очекувате. Главата ви е чувствителна.

ВОДОЛИЈА

Можно е поради проблеми во комуникацијата со надредените, да имате некои потешкотии. Сте одлучиле на партнерот да му ги покажете своите искрени чувсства. Наскоро ве очекува разговор за иднината на врската. Водете сметка околу алергиите.

РИБИ

Ако се надевате на големи промени, би требало да бидете трпеливи, затоа што нема се толку лесно да се менува. Вашето незадоволство од моменталната врска станува се поголемо од ден на ден. Наскоро ќе дојде до прекин. Проблеми со крвната слика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk