Многу девојки имаат голем проблем со нанесувањето на ајлајнер. Toa за нив е „кошмар“ и постојано се во неволја да го нанесат на очите.

Најважно е ако сакате ајлајнер, прво да ја одредите вашата најдобра техника на нанесување, бидејќи не секој облик на очи има ист начин на нанесување на ајлајнер.

Секако, шминкерите препорачуваат девојките кои имаат спуштени очни капаци да го прескокнат нанесувањето на ајлајнер бидејќи тоа само ќе создаде проблеми, лесно може да се преслика, а и ако не се нанесе добро не изгледа најубаво.

Меѓутоа, со доаѓањето на новиот тренд, можеби повеќе нема да имате големи проблеми со нанесувањето на ајлајнер. Црната нијанса е заменета со сенки и кафеави моливи со кои се извлекува, односно се создава мачкина форма на окото.

Оваа техника со или без изблендана сенка станува врвен тренд кој ќе им се допадне на девојките ширум светот.

Дали ви се допаѓа?