logo
logo
logo

Девојка починала од СТАРОСТ на 18 години - „синдром на Бенџамин Батон“

Vecer | 23.07.2021

Девојка починала од СТАРОСТ на 18 години - „синдром на Бенџамин Батон“

Нејзината мајка Фиби Луис Смит ѝ оддаде почит на нејзината брилијантна и силна ќерка, за која вели дека одбила да дозволи болеста да влијае на нејзиниот убав дух. Ашанти (18) имал синдром Хачинсон-Гилфорд, т.е. „синдром на Бенџамин Батон“.

Иако нејзиното тело беше еквивалентно на 144-годишник кога почина, Ашанти уживаше во прославата на полнолетството во мај со добра вечера пиејќи го својот омилен коктел.

Тинејџерката била со нејзината мајка, таткото Шејн Викенс (33) и семејната пријателка Кејли Картрајт (25) кога умирала, а некои од нејзините последни зборови кон нејзината мајка биле -„Треба да ме пуштиш да си одам .“

Фиби сега сподели детали од погребот на нејзината ќерка, за кој се надева дека ќе има четири бели коњи, пердуви, знамиња на ЛГБТ и БТС сувенири -  бидејќи Ашанти била голем обожавател на бендот К-Поп.

Нејзините пријатели ја лансираа страницата JustGiving за да му помогнат на семејството да го организира „најголемиот, најсветлиот погреб досега“ - што всушност ќе биде забавно, за да го прослави нејзиниот живот, пишува LadBible.

-Животот на Ашанти беше радосен. Иако дијагнозата влијаела на нејзината подвижност, таа не влијаела на ништо друго. Таа беше типична, разговорлива 18-годишна девојка и сакав сè во врска со неа. Беше брилијантна, секогаш го зборуваше тоа што го мисли и сите го знаеја тоа. Дента кога почина шеташе, јадеше брза храна и сè беше во ред. Во еден момент сè се смени, таа започна да се бори, но ми рече - ‘Мамо, те сакам. Треба да ме пуштиш “, рече нејзината мајка Фиби.

Просечното траење на животот на луѓето со фаталниот синдром Бенџамин Батон е 13 години, иако некои луѓе живеат до своите 20-ти.

Прогерија синдром е израз за група нарушувања кои предизвикуваат брзо стареење на децата. На грчки јазик, „прогерија“ значи предвремено старо. Овој синдром е редок. Според Фондацијата за истражување на синдромот Прогерија, тој се појавува на 1 од 20 милиони луѓе. Се проценува дека 350 до 400 деца живеат со овој синдром.

Нејзината дијагноза влијаела на нејзината подвижност. Таа имала скршен колк кој и го средувале три пати, а бидејќи бил неповратно оштетен таа продолжила да оди со скршен колк.

- Тоа дете, моето девојче, не сакаше да биде во инвалидска количка. Или би ја носеле или таа сама би одела. Ако ја прашавте дали сака пијалок, таа ќе ви кажеше дека ќе си донесе сама. Но и ќе ве прашаше зошто се однесувате поинаку кон неа. Таа беше навистина силна - се присетува нејзината мајка

Гордата мајка Фиби сега планира голем погреб со диско светла, ковчег покриен со знамиња на БТС и ЛГБТ - за да го обележи богатиот, живописен начин на живот на Ашанти. Таа беше толку горда што е геј.

- Таа имаше артритис, срцеви заболувања и срцева слабост. Таа почина од срцева слабост од природни причини, рече Фиби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk