logo
logo
logo

Девојка остана заглавена на аеродромот во Бангкок поради бизарен превид: Цело време плачев

Vecer | 22.07.2024

Девојка остана заглавена на аеродромот во Бангкок поради бизарен превид: Цело време плачев

Таа останала на тајландскиот остров Кох Фа-нган, каде што студирала јога. Сепак, немала поим какви проблеми ќе ја снајдат кога ќе се враќа во Британија.

Таа резервирала лет за поврзување (Индија и Турција) и требало да се врати во Лондон на 4-ти јули. Меѓутоа, не можела да влезе во авионот бидејќи властите откриле дека страницата со фотографијата во пасошот е делумно скината.

Дополнително, ја известиле дека визата ѝ е истечена, што значи дека била илегално во земјата, иако тврдела дека документите ги средила само неколку дена порано, пишува „Дејли мејл“.

Вознемирена и исплашена од апсење, Рози контактирала со британската амбасада за да договори враќање дома, но целиот процес бил скап.

„Кога пристигнав на аеродромот ми рекоа „не одиш никаде со тоа“, мислејќи на скинатата страница. Им објаснив дека така било и кога влегов во државата. Рекоа дека Индија нема да ме пушти и дека морам да резервирам директен лет за Лондон“, вели девојката.

Рози тврди дека страницата ја скинала само за еден сантиметар, а со таков пасош, без проблем патувала низ Америка и Јамајка.

„Пропуштив лет кој чинеше 440 евра. Морав да извадам специјални документи и само се молам да се вратам дома. Всушност, не ми остануваат пари, бидејќи не сметав на дополнителни трошоци. Имиграциските власти велат дека би можела да платам дополнителни 380 евра затоа што ми истече визата.

Рози резервирала директен лет за Лондон и споделила како се чувствувала.

„Беше страшно, не знаев што да правам. Само плачев, а луѓето ми велеа дека ништо не можат да направат. Сакав да се вратам дома“.

Нејзината сестра, во меѓувреме, отворила страница за собирање средства за да ѝ помогне во решавањето на проблемот со дополнителните патни трошоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk