logo
logo
logo

Девојка нашла новчаник полн со пари: Дознала кој е сопственикот и збеснала!

Vecer | 23.07.2021

Девојка нашла новчаник полн со пари: Дознала кој е сопственикот и збеснала!

Кога ја напуштаме нашата земја и одиме на пат, честопати се решеваме да понесеме поголема сума на пари со нас. Сепак, на многумина им се случило да го изгубат својот паричник и тоа додека сме на одмор. А веднаш потоа настанува и паниката.

Но, се почести се случаите кога паричникот ќе падне во раце на добри луѓе кои се решеваат да ги вратат изгубените лични работи на сопственикот. Сепак, не секој знае како да изрази благодарност на оној кој ги спасил од неволја.

Вакво нешто и се случило на една девојка од Белград која решила својата приказна да ја сподели на Фејсбук. Имено, таа додека шетала со своето милениче пронашла новчаник и дознала дека е во сопственост на жена која работи во амбасадата на САД.

Жената била огорчена бидејќи откако отишла во амбасадата за да го врати новчаникот добила неочекувана реакција.

-Новчаникот го земаа нејзините колешки бидејќи сопственичката на истиот била на пауза. Не добив ниту едно фала. И немојте да ми кажувате дека треба да се одгледуваме на Американците, вели таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk