Тоа е имуно нарушување што предизвикува клетките погрешно да ги идентификуваат безопасните супстанции како опасни алергени, што доведува до бурни реакции, вклучувајќи оток, гушење, осип, повраќање, а во најтешките случаи, анафилактичен шок.
Каролин е многу активна на социјалните мрежи каде открива детали од својот живот, како на пример храната која смее да ја консумира.
„Ми беше дијагностициран MCAS во 2017 година, по алергиска реакција на јаткасти плодови, која се претвори во сериозна анафилактична епизода“, рече таа.
@carolinecray2 Replying to @j Herz My rules for smooching! 💋 #mcas #mastcellactivationsyndrome #mcad #mastcellactivationdisorder #foodallergyawareness #chronicillnessawareness #chronicillnesswarrior #chronicillness ♬ original sound - CarolineCray2
За да се заштити од потенцијално смртоносни реакции, таа поставила строги правила во животот, кои важат и за идните момчиња.
„Нема да дозволам MCAS да ме обесхрабри, фокусирана сум да живеам исполнет и среќен живот.“
Каролин избегнува одредена храна, а потоа и прашина, мувла, силни мириси и истакнува дека мажите во нејзиниот живот мора да следат три важни правила.
„Ако сакаат да ме бакнуваат, не смеат да консумираат ниту еден од моите главни алергени, кикиритки, јаткасти плодови, сусам, киви, сенф или морска храна. Ова се однесува на 24-часовен период“.
Второто правило имплицира дека момците не смеат ништо да јадат три часа пред бакнежот, пренесува New York Post.
„Третото правило е дека тие мора да ги мијат забите пред да ме бакнат“.
Доколку потенцијалниот избраник не ги почитува наведените правила, последиците би можеле да бидат фатални за девојката.
За среќа, при бакнувањето немала никакви сериозни реакции, освен чешањето што го чувствувала на јазикот и во устата.
„Понекогаш лицето ми беше црвено, или ми се вртеше. За да ги ублажам симптомите, веднаш ги мијам забите или земам лекови“.
@carolinecray2 It gets better ❤️ #mcas #mastcellactivationsyndrome #mcad #mastcellactivationdisorder #chronicillness #chronicillnessawareness ♬ original sound - Bojack clipz
Споменатите правила ѝ помогнале да најде млад човек кој ќе се грижи за неа, а се вика Рајан. Таа го запознала летово и оттогаш се неразделни.
Ги прифатил правилата, ограничувањата во исхраната и почнал да ја консумира истата храна за да ги направи бакнежите безбедни.
„Значи, ако сакате да проверите дали некое момче е сериозно заинтересирано за вас, кажете дека имате MACS, и сè ќе биде веднаш јасно“, заклучува Керолајн.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата