logo
logo
logo

Видео

Девојка ја погодила песната, па паднала низ прозор! Среќа пејачот снимал, па ја видел и викнал помош

Vecer | 26.07.2021

Девојка ја погодила песната, па паднала низ прозор! Среќа пејачот снимал, па ја видел и викнал помош

Не за џабе се вели дека момент на невнимание е доволен за да дојде до несреќа. Жив доказ и ова видео кое во петокот го објавил пејачот Енгел Мелоди Ренфиго.

Имено, тој пеел на една приватна забава и се било супер додека одличната атмосфера во еден момент не се претворила во драма кога една девојка загубила рамнотежа и паднала од прозорецот, односно од вториот кат на куќата.

Во видеото кое го направил пејачот се гледа како таа седи на работ од прозорецот, пее и танцува, но во еден момент губи рамнотежа и паѓа долу, на бетонот.

За среќа, пејачот кој се снимал видел што се случило, па прво повикал медицинска помош. Девојката преживеала и поминала со неколку скршеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk