logo
logo
logo

Девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари

Vecer | 30.10.2025

Девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари

- Детето беше на вентилатор седум недели пред да може да дише самостојно. Третманот бараше исклучително прецизен и внимателен пристап. Семејството остана в болницата долго време за да ја изгради и одржи врската со детето, а девет недели по првично проценетиот датум на раѓање, родителите конечно го зедоа девојчето дома, изјави главниот лекар Ралф Бетгер.

Болницата соопшти дека станува збор за извонреден медицински успех, бидејќи девојчето е родено 16 недели пред терминот, а тоа се смета за екстремно предвремено раѓање. Стапката на преживување кај ваквите случаи низ целиот свет е само 25 отсто.

Според Гинисовата книга на рекорди, рекордот за најмало преживеано предвреме родено бебе во светот му припаѓа на Неш Кин од САД. Тој е роден 19 недели предвреме и тежел само 283 грама. Во јули оваа година, момчето го прослави својот прв роденден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk