logo
logo
logo

Девојче од Русија преживеало снежно невреме, гушкајќи си го кучето

Vecer | 23.01.2022

Девојче од Русија преживеало снежно невреме, гушкајќи си го кучето

Девојчето, чие име не се соопштува, минатата недела го напуштило училиштето во градот Углегорск, но не се вратило дома.

Градот се наоѓа на западниот руски остров Сахалин, кој е покриен со силен снег и ветрови кои достигнуваа брзина и до 80 километри на час.

Властите и локалното население го барале девојчето во текот на ноќта откако било исчезнато.

Тие се фокусирале на куќичките со домашни миленици бидејќи мештаните пријавиле дека виделе девојче како си игра со куче ноќта пред да исчезне.Родителите на девојчето и кажале на полицијата колку таа сака да си игра со домашни миленици.

Волонтер го нашол девојчето следното утро, како седи со куче во неговата куќичка на отворено и го гушка за да се стопли, јавува руската државна телевизија.

Девојчето било пренесено во болница и било констатирано дека е здраво, се вели во извештајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk