logo
logo
logo

Денес е Меѓународен ден на ПИЦАТА: Четири трикoви за НАЈДОБРО домашно тесто, а од ЕДНО зависи дали ќе успеете

Vecer | 09.02.2022

Денес е Меѓународен ден на ПИЦАТА: Четири трикoви за НАЈДОБРО домашно тесто, а од ЕДНО зависи дали ќе успеете

Подготовка на совршено еластично тесто.

Денес се прославува Меѓународниот ден на пицата и можеби е вистинско време за себе да направите една за вечера.

Сите мислат дека пицата настанала во Италија, меѓутоа корените се наоѓаат во Антиката кога старите Грци први замесиле брашно со вода и добиле совршено тесто, а според друга теорија е дека Персијците први зпаочнале да ставаат остатоци на парче тесто и така настанала пицата.

За изгледот кој денес ни е познат веројатно настанал  крај на 16 век или почетокот на 17. век кога од Америка во Европа пристигнал доматот кој е една од главните состојки на пицата.

Во 18 век, оваа “погача премачкана со сос од домати“, пристигнува во Неапол, Италија, а вештите трговци намирисале потенцијал: пицата уште тогаш под тоа име, почнала да се пече и продава по плоштдите.

Била подебела од оваа која денес се прави и била наменета претежно за сиромашните жители, како би го заситиле гладот.

Кога кралицата Маргарита од  династијата Савоје го посетила Неапол видела како многу луѓе јадат нешто што нејзе не и било познато. Била љубопитна, но со оглед дека пиците биле наменети за сиромашните и не така добри за кралицата, дворските готвачи решиле пицата да ја прилагодат по вкусот на кралевите.

Врз тестото ставиле домат, моцарела и свеж босилок, наводно инспирирани со боите на италијанското знаме (црвена, бела, зелена).

Пицата секао добила име Маргарита.

Ако сте меѓу оние кои сакаат сами да си подготват пица со состојки по ваш избор еве како да добиете соврешена испечена пица:

1. Тесто

Една од начестите грешки кои ги правиме е кога ја подготвуваме пицата дома е тоа што го оставаме тестото да „отстои“. Исто така, никако немојте тестото да го развлекувате со оклагија, сторетего тоа со раце. Откога ќе го развлечете тестото со раце, тоа значи да го остравете уште малку да отстои на собна температура.

2. Сос од домати

Врз тестото не ставајте купечки сос од домати. Многу е подобро ако го направите сами. Земете малку домашен сок од домати или изрендајте свеж домат, посолете го по желба, додадете малку босилек или оригано и премачкајте го тестото. Поголема количина од доматниот сос ставајте од страна, а помалку во средината, каде што средниот дел од пицата да не остане недопечен.

3. Состојки

Не претерувајте со состојките на пицата. Ако ставате пршута, внимавајте да не додадете останати солени работи поради кои пицата може да биде пресолена.

4. Температура за печење

Недоволно загреана рерна е уште една од грешките при печење на пицата. Рерната се загрева на максимална температура, и кога е навистина жешка, ставете ја пицата и печете ја десетина минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk