logo
logo
logo

Дехидрација - кои симптоми ни укажуваат дека не пиеме доволно вода?

Vecer | 25.06.2021

Дехидрација - кои симптоми ни укажуваат дека не пиеме доволно вода?

Истражувањата покажуваат дека благата дехидратација може да има лошо влијание врз здравјето, расположението и нивото на енергија. Затоа е важно да пиете доволно вода и да ги препознаете првите знаци на дехидратација, особено во летниот период.

Нашето тело се состои 60% од вода која секојдневно ја губиме преку урина, потење и дишење. Доколку не пиете доволно вода, мозокот ќе почувствува дека телото дехидрира.

Блага дехидратација - започнува кога телото ќе изгуби 2% од вкупната течност.

Најчестите симптоми се:

Жед

Губење на апетитот

Сува кожа

Црвенило

Темна боја на урината

Суви усни

Умор

Вртоглавица

Најчести причини се грип, пролив, повраќање, губење на крв, неправилна исхрана и недоволно пиење вода. Треба да пиете многу вода кога сте болни за да ги исфрлите непотребните токсини од телото и вашиот организам да функционира правилно.

Сериозна дехидрација

Повраќање

Грчеви во мускулите

Забрзан пулс

Поматен вид

Намалено потење

Зголемена телесна температура

Замор

Грчеви во мускулите

Главоболка

Мачнина

Отежнато дишење

Онесвестување.

Кога некој ги има овие симптоми, мора да пие многу вода, но пополека.

Колку вода треба да пиете во текот на летото?

Потребната количина на вода зависи од човек до човек, но за активните возрасни луѓе се препорачува да внесувате 2 до 4 литра дневно. Потребите можат да варираат со промена на надворешната температура.

На вашето тело му е потребно повеќе вода ако редовно вежбате. Многу е важно да ја надокнадите течноста која ќе ја изгубите на тренинг.

Се препорачува да пиете 2,7 литри вода дневно за жени и 3,7 литри за мажи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk