logo
logo
logo

Дедо седнал во ФЕРАРИ, па демолирал половина град! (Видео)

Vecer | 01.12.2022

Дедо седнал во ФЕРАРИ, па демолирал половина град! (Видео)

Црвено ферари кое се залетало и удрило во излог на улица направило голема штета во општината Санта Хулија де Лорија. Италијанскиот суперавтомобил и за денешни време има импресивни перформанси.

Локалните медиуми објавија дека автомобилот со голема брзина поминал покрај трговскиот центар, удрил во бариера на улицата, преминал повеќе ленти и пробил голем излог. Се верува дека брзината е главен фактор за несреќата, а истрагата на полицијата е во тек.

Зад воланот на ферарито бил 82-годишен возач, додека на совозачкото седиште била неговата 59-годишна жена.

 

Инаку, станува збор за егзотичен класичен примерок на ферари од 1992 година, подобрена верзија на култното ферари тестарос кое е произведено во 2.261 примерок. Неговиот 4,9-литарски мотор со 12 цилиндри има 428 КС и 491 њутн метри, а до 100 километри на час забрзува за 4,8 секунди. Неговата максимална брзина е 314 километри на час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk