Бетани Мур од САД
стана многу популарна на социјалните мрежи поради нејзините необични тетоважи. Првата
тетоважа ја направила на својот 19-ти роденден, а набрзо тетовирањето станало
нејзина голема љубов. Сега, девет години подоцна, повеќе од 90 отсто од
нејзиното тело е покриено со тетоважи.
Покрај
тетоважите, оваа девојка обожава и пирсинг, па има десетина такви, а според
неа, планира да има уште толку.
Бетани открива
дека потрошила повеќе од 25.000 евра на тетоважи и пирсови и потрошила повеќе
од 300, како што вели, болни часови поради ваквото разубавување на телото.
„Луѓето често ме
гледаат чудно и свесна сум дека сум бизарна, но најважно ми е родителите и
дечкото да ме поддржуваат“, вели Бетани и објаснува дека секоја тетоважа има
своја приказна.
„Тетоважите се
направени во јапонски стил и секоја има свое значење. На пример, мојата прва
тетоважа е волк кој завива на Месечината и му ја посветив на моето куче кое
почина“.
Бетани е многу
популарна на социјалната мрежа Инстаграм, но, како што вели, покрај
обожавателите, стекнала и многу хејтери.
„Ми велат дека го
сквернавам моето тело и дека жена не смее да личи како јас. Сепак, навистина не
ми е гајле што вели некоја личност на Интернет која се крие зад лажно име и
слика", вели Бетани, која засега има нема тетоважи на нејзините стапала
или лице.
Сепак, Бетани до
пред девет години немала никакви тетоважи и изгледала сосема поинаку.
Според неа,
тетоважите и дале самодоверба што ја немала како тинејџерка.