Никон со децении бил лидер во продажбата на врвни фотоапарти од генерацијата на класичните СЛР уреди со рефлексно огледало. Нивните модели Nikon Д850 (Фул формат) и Nikon Д500 (скратен формат) се уште се купуваат од професионалците и се сметаат за легендарни.
Но, од пред седум-осум години на пазарот се случи скок на дигиталните апарати и Сони го презема лидерството на пазарот со силна експанзија на врвни фотоапарати кои, заради големите можности за видео снимање, веќе се нарекуваат фото камери. Snny стана лидер и во производство на врвни сензори за дигиталните апарти, односно фотокамаери, кои освен Сони ги користат и други брендови.

Никон доцнаеше во таа трансформација кон дигитални фото камери најмалку три-четири години и падна на пазарот на врвни фотокамери дури на четврто место, зад Canon и Fuji. Но, со појавата на своите модели од дигиталната линија Зет (Z) како Z8, Z9, Z6 III, Z7 II и серијата на Z5 и Z50 како и стилскиот модел ZF како и целата нова серија на Z објективи Nikon го фати приклучокот и денес, гледано во споредба на најтешкиот и најзахтевен пазар за фотокамери во светот, во Јапонија, Nikon успеа да се врати на првото место по продажба во април 2025та и да го стаса долгогодишниот лидер Sony

Во април, Никон го освои месечниот врвен удел за прв пат во однос на обемот на продажба на фотоапарати без огледала со целосен кадар (Ful frejm).
Во оваа категорија, Сони отсекогаш бил на врвот. Од објавувањето на „α7“ во ноември 2013 година, Никон е симнат од тронот само четири пати во 150-те месеци од неговото прво објавување.
Ривал беше е Канон, кој влезе на пазарот кон крајот на 2018 година. Всушност, Никон влезе на пазарот на дигитални фотокамери потоа. Сепак, додека од Сони се натпреваруваше со Канон, Никон имаше тежок пат на арзвој во борба со загубеното време.

По неколку врвни модели, она што го турна Никон на врвот овој пат беше лансирањето на новиот производ „Z5II“. Иако беше објавен на 25 април, кон крајот на месецот, ги престигна конкурентите со силна брзина и освои месечен удел од 33,4%. Се искачи на врвот.

Второпласираниот Сони има удел од 32,1%, разликата е само 1,3%. Сè уште е тесна трка. Во меѓувреме, третопласираниот Канон е малку зад него со 24,0%. Голема промена доаѓа на пазарот кој досега беше доминиран од Sony. Ова беше откриено од рангирањето на BCN, кое ги собира фактичките бројки за продажба на околу 2.300 малопродажни места за електроника и онлајн продавници низ целата земја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата