logo
logo
logo

Дански супермаркети ќе им ги посочуваат на купувачите намирниците „Произведени во Европа“

Vecer | 03.03.2025

Дански супермаркети ќе им ги посочуваат на купувачите намирниците „Произведени во Европа“

Според идејата, во маркетите од брендовите „Нето“, „Билка“ и „Фотекс“ до цената на намирниците произведени од европски компании ќе стои и „ѕвездичка“, што ќе им укажува на потрошувачите дека станува збор за производ по потекло од Европа. 

Ваквата најава доаѓа во време на тензии во трансатлантските односи поврзани околу данскиот остров Гренланд, по претензиите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз оваа автономна територија на Данска. 

Сепак, „Селинг Груп“ тврди дека зад нивната идеја не стои „висока политика“. - Наша работа е да им го испорачаме на нашите клиенти она што го сакаат. Увидовме дека на многу клиенти им е потребна помош при пронаоѓањето европски стоки, изјави портпаролот на „Селинг Груп“, Јакоб Крогсгард Нилсен. 

„Селинг Груп“, покрај во Данска, свои супермаркети има и во Германија и Полска. 

Според Крогсгард Нилсен, компанијата засега не планира оваа акција да ја прошири акцијата надвор од Данска, иако тоа не е исклучено за во иднина. 

По изјавата на Трамп дека би сакал да ја направи Канада „51-ва држава на САД“, многу Канаѓани се мобилизираа за бојкот на американски стоки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk