logo
logo
logo

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити следната година

Vecer | 22.08.2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити следната година

За време на испитот, учениците ќе можат да користат вештачка интелигенција во подготвителната фаза за усниот испит - откако ќе се даде тема, секој ученик ќе има еден час за подготовка, во кој ќе му биде дозволено да ги користи сите алатки, вклучително и генеративната вештачка интелигенција, што досега не беше дозволено.

Потоа, ќе мора да полагаат устен испит, пред испитувач.

Данска дозволува ограничена употреба на интернет за време на испитите од 2008 година, обидувајќи се да го поттикне развојот на дигитализацијата во учењето.

-Спроведуваме испитувања за да најдеме добра рамнотежа, објасни министерот Матијас Тесфаје во изјава.

„На тој начин, учениците се развиваат истовремено во аналогниот и дигиталниот свет, ние ги подготвуваме на најдобар можен начин за реалноста по училиште“, рече тој.

Беше објавено дека користењето на помош од вештачка интелигенција ќе им биде достапно на средношколците кои доброволно ќе се пријават и ќе се применува само во општа насока. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk