logo
logo
logo

Дали знаевте дека кога се чувствуваме жедни, веќе сме изгубиле еден до два проценти од ТЕЛЕСНИТЕ ТЕЧНОСТИ?!

Vecer | 25.07.2021

Дали знаевте дека кога се чувствуваме жедни, веќе сме изгубиле еден до два проценти од ТЕЛЕСНИТЕ ТЕЧНОСТИ?!

Летните температури секогаш одат над она што ние би го сметале за пријатно, а оваа година, се чини, тие ги пробија сите можни граници.

Се проценува дека здравствените ризици, предизвикани од топлотни бранови, ќе се зголемат.

„Нашето тело сочинува околу 60 проценти од вода. Со потење, па дури и со дишење, губиме течност, и ако не ја надоместиме, настанува дехидрираност “, објасни доктор по медицина од Јеил, д-р Дејвид Дела-Гиустина.

Тој вели дека, покрај жедта, најочигледни симптоми на дехидрираност се сува уста, гадење, вртоглавица и главоболки, а кога има недостаток на течност, урината ја менува бојата и станува потемна.

Како можеме брзо да дехидрираме?

Најмногу изложени на дехидрација се оние кои се занимаваат со разни активности на отворено, а според ДелаГиустина, можат да дехидрираат за само 30 минути.

„За еден до два часа, едно лице може да изгуби литар до две течности, а помалку е доволно за дехидрација, па таа може да се појави само по 30 минути“, вели Дела-Гиустина, истакнувајќи дека малите деца и постарите лица се најзагрозени бидејќи потешко се ладат и често земаат разни лекови кои го забрзуваат процесот.

Како да се заштитите?

Не излегувајте на топло ако не морате и редовно пијте вода - секој час, вели Дела-Гиустина. Според него, потребите за течности се разликуваат од личност до личност, и тој посочува дека при висока топлина, сите треба да ја провериме бојата на урината и да реагираме доколку потемни.

Кога чувствуваме жед, веќе сме изгубиле еден до два проценти течност од телото“, рече лекарот. Ако забележите некој од знаците на дехидратација - потемна урина, гадење или вртоглавица; тој советува да се преместите некаде каде има поголем проток на воздух (покрај климатизерот, или вентилаторот) и многу е важно да пиете по малку течност веднаш на секои 15 минути. Инаку, во такви ситуации, обичната вода не е најдобриот избор, бидејќи поради губење на електролити, потребно е да се компензираат шеќерот и натриумот.

„Ако се рехидрирате исклучиво со вода и не ги надополните електролитите, не си помагате навистина“, вели лекарот, објаснувајќи дека енергетски пијалоци, или половина лажичка сол и шест лажички шеќер на литар вода , се најдобриот избор за дехидратација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk