logo
logo
logo

Дали знаете што внесувате со една конзерва сардини?

Vecer | 16.04.2022

Дали знаете што внесувате со една конзерва сардини?

Повеќето од нас се сеќаваат да внесат риба во исхраната само во текот на денот на постот, иако тоа е голема грешка.

Нутриционистите нагласуваат колку е корисна за нашето здравје и дека би било добро да го имаме на нашата трпеза барем два пати неделно.

Сардините се полни со важни хранливи материи, што ги става на прво место кога е исхраната во прашање, вели д-р Џош Акс.

Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се меѓу најмоќните чувари на здравјето.

Доколку се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам, а д-р Џош ги објаснува сите благодети на сардината, пренесува порталот Крстарица.

Една порција сардина од околу 75 грама содржи приближно:

191 калорија

22,7 грама протеини

10,5 грама масти

8,2 микрограми витамин Б12

48,5 микрограми селен

250 единици витамин Д.

451 милиграм фосфор

351 милиграми калциум

4,8 милиграми ниацин

2,7 милиграми железо

365 милиграми калиум

35,9 милиграми магнезиум

0,2 милиграми бакар

1,9 милиграми витамин Е.

0,2 милиграми витамин Б6

1,2 милиграми цинк

А еве ги сите позитивни ефекти што ги имаат врз здравјето:

1. Богати се со Омега 3 масни киселини

Сардините се еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот. Тие исто така содржат EPA и DHA, два вида есенцијални масни киселини кои телото ги користи за намалување на воспаленија, што резултира со подобрување на здравјето, подобра функција на мозокот и помал ризик од хронични болести, пишува Nportal.

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна како што се сардини, кои се богати со омега-3 масни киселини, може да помогне во лекувањето на нарушувања на расположението како депресија и анксиозност.

Тие исто така имаат корисен ефект врз здравјето на срцето, а докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди.

2. Го одржуваат здравјето на коските

Поради големото количество на калциум, сардините можат да ви помогнат да го одржите здравјето на коските.

3. Го чува здравјето на тироидната жлезда

Селенот и јодот се во синергија и се основниот состав на сардината. Селенот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда.

4. На организмот му обезбедуваат доволно количество витамин Б12

Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика симптоми како што се оштетување на нервите, нарушена ментална функција, тешкотии во снабдувањето на клетките со кислород и хроничен замор. Со редовно консумирање на сардини ќе го надополните недостатокот на овој витамин кој е клучен за правилното функционирање на целиот организам.

5. Го намалува апетитот

Многу хранлива храна која ќе ви даде чувство на ситост и до неколку часа.

6. Го контролира нивото на шеќер во крвта

Сардините се полни со здрави масти и протеини, кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќер во крвта. Комбинирањето на храна богата со протеини и масти, како што се сардини, со јаглехидрати може да го забави ослободувањето на гликоза (шеќер) во крвотокот, помагајќи при нагли флуктуации на шеќерот.

Конзумирањето на сардина е особено важно за луѓето кои имаат дијабетес, метаболички синдром или други состојби поврзани со отпорност на инсулин.

7. Го подобрува изгледот на кожата

Масните киселини од сардина играат голема улога за здравјето на кожата. Ги ублажуваат воспалителните процеси на кожата и и даваат здрав сјај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk