logo
logo
logo

ДАЛИ СТЕ ПИЈАНДУРА?! Неколку причини заради кои не е лошо и на лекар да „тркнете“

Vecer | 18.07.2021

ДАЛИ СТЕ ПИЈАНДУРА?! Неколку причини заради кои не е лошо и на лекар да „тркнете“

Психологот Тара Хурстер, која се бави со алкохолизмот, открила знаци кои укажуваат на нездрав однос со алкохолот.

1. Пиете без размислување

Тара вели дек апрвиот знак на предупредување дека имате проблем со алкохолот е ако пиете „несвесно“ и притоа не уживате во секоја голтка. Значи, ако несвесно отворате пиво без да размислите за тоа можеби е време да се преиспитате.

2. Користите разни изговори

Таа тврди дека може да биде загрижувачко ако имате чувство дека другите ви го „скартуваат“ пијалакот.

„Ако некој ви каже дека би можеле да подзапрете со пиењето, а вие веднаш помислувате дека ’не е фер’ или дека ’ви е роденден’ или ’петок е’ тогаш тоа би можело да е причина за загриженост“, објаснила.

3. Влијаете на другите

Причина за загриженост е и ако вашето пиење алкохол почне да влијае на оние околу вас. Ако вашите пријатели и семејството истакнуваат дека пиењето им пречи и почнува да влијае на вашиот однсо, веројатно, ќе мора да намалите.

4. Не знаете за граница

Според Тара, повеќе од десет пијалаци неделно се смета за загрижувачко, а ако пиете повеќе четири дневно  многу сте блиску до тоа да станете алкохоличар.

5. Пиете за да се соочите со проблемите

Многу од нас уживаат во чаша вино кога сакаат да се опуштат, но Тара вели дека тенка е границата меѓу тоа и употребата на алкохол за соочување со чувствата и проблемите.

„Алкохолот е класифициран како седатив, што значи дека телото заради него е опуштено затоа што се ослободува од притисокот во мускулите, па постои перцепција на релаксирање. Но стварноста е таква дека маката се засилува со консумирање алкохол затоа што телото напорно работи на отстранување на токсините од крвотокот“, објаснува психологот.

Значи, долгорочно вашиот омилен алкохол може сериозно да влијае на вашето ментално здравје, а не да му помогне.

Како да намалите со пиењето алкохол?

 

1. Идентификувајте ги поттикнувачите 

Обидете се да откриете што е она што ве тера да посегнете по пијалак и така најдете поздрави алтернативи.

2. Сменете ги активностите

Наместо средба во кафуле, направете план кој не вклучува алкохол - појдете на прошетка или во кино.

3. Водете дневник

Ако запишувате што пиете, ќе имате подобар увид колку навистина пиете.

4. Направете неделен план

Направете план кога ќе испиете пијала и на колку ќе се ограничите и секогаш бидете фокусирани на него.

5. Побарајте помош

Ако немате контрола на тоа колку пиете, време е за разговор со стручно лице.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk