logo
logo
logo

Дали сте мечка, лав, делфин или волк - ОТКРИВА ВРЕМЕТО НА БУДЕЊЕ

Vecer | 02.04.2021

Дали сте мечка, лав, делфин или волк - ОТКРИВА ВРЕМЕТО НА БУДЕЊЕ

Постојат два вида на луѓе - ранобудни и оние кои претпочитаат да доцнат. Истражувањата покажуваат дека реченицата „Кој рано рани две среќи граби “ важи само за некои луѓе и зависи од хронотипот.

Секоја личност има внатрешен часовник, односно ритам кој е карактеристичен за него.

Во зависност од тоа, некои луѓе сами се будат рано наутро, а некои ќе го одложуваат алармот цело утро затоа што не можат да станат.

Научниците веруваат дека тоа не е мрзеливост, но времето на станување и одење во кревет навечер го одредува нашиот внатрешен часовник. Може да ни помогне подобро да се ориентираме кога станува збор за извршување на дневните должности и задачи.

Колку часови ќе поминеме во сон, зависи и од нашата генетика и од надворешните околности. Во нашето тело постојат таканаречени гени од 15 часа кои го контролираат дневниот и ноќниот ритам и тој се нарекува хронобиолошки часовник. Во текот на 24 часа, тој всушност воспоставува рамнотежа помеѓу поспаноста и будноста во редовни интервали.

Еве како тип на луѓе постојат

Мечка

Овој вид хронотип има приближно половина од светот, поради што спаѓа во најчестиот тип. Воспоставен е врз основа на изгрејсонце и зајдисонце, па идеално време за будење е околу 7 часот наутро.

Кај таквите луѓе, продуктивноста е најдобра наутро, а обично се намалува по 14 часот. Овој тип на луѓе се многу амбициозни и посветени на работата, па после тоа им треба дремка. Обично одат во кревет околу 22 часот.

Ранобуден лав

Овој тип го добил името по кралот на животните познат по раното будење. Нивниот ден започнува во пет наутро и завршува многу порано од другите. Таквите лица се карактеризираат со самоиницијатива и добра организација, поради што тие обично ги извршуваат своите задачи на време.

Во просек им требаат околу 7 часа сон, додека на луѓето кои се од типот мечка им требаат 8 или повеќе часа сон. Околу 15 проценти од луѓето во светот спаѓаат во оваа категорија.

Волк

Овој тип е општо познат како „ноќна птица“ поради доцното будење. Многу често, тие го добиваат епитетот на мрзливи луѓе затоа што касно се будат. Тие се познати по големата количина кофеин што им е потребна за да се разбудат.

Овој тип вклучува и 15% од светската популација и тие не се многу склони кон утрински обврски бидејќи нивната енергија нагло се зголемува во доцните попладневни часови, а својот врв го достигнуваат во доцните ноќни часови.

Делфин

Луѓето кои постојано се чувствуваат уморни во текот на денот, треба да го надоместат тоа со спиење. Само 10% од луѓето во светот припаѓаат на овој тип, и тие се карактеризираат со лесен сон.

Како и волкот, нивната енергија се зголемува и се одржува во текот на ноќта, што им го отежнува функционирањето во текот на денот.

Тие се претежно чувствителни на бучава и силна светлина. Тие често осцилираат во расположение и енергија, па затоа мораат да внимаваат на внесот на шеќер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk