logo
logo
logo

ДАЛИ СТЕ „МАРАТОНЕЦ“ ИЛИ „СПРИНТЕР“ ВО КРЕВЕТ! Еве колку во просек траат интимните врски - повеќето не го надминуваат ОВОЈ БРОЈ

Vecer | 03.06.2023

ДАЛИ СТЕ „МАРАТОНЕЦ“ ИЛИ „СПРИНТЕР“ ВО КРЕВЕТ! Еве колку во просек траат интимните врски - повеќето не го надминуваат ОВОЈ БРОЈ

Научна студија покажа колку во просек траат интимните врски!

И додека едни се почесни „маратонци“, поточно нивните интимни врски траат подолго од просекот, други се задоволуваат со титулата „спринтер“, или на пократки патеки во креветот. Сепак, почитуван експерт за лекување на машки интимни проблеми, д-р Хари Фиш стави крај на различните шпекулации.

Во истражувањето за неговата книга „The Naked Truth - The Ultimate Sex Education for Adults“ тој открил дека 43 проценти од паровите во просек не водат љубов повеќе од две минути. Кај 27 отсто од луѓето, интимните односи траат во просек од три до седум минути, кај 18 отсто од нив задоволството е континуирано од седум до 15 минути, додека само 12 отсто од паровите велат дека нивните интимни односи, односно самата пенетрација трае од 15 минути до неколку часа..

Како главни „виновници“ за тоа ги наведува мажите, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која интимната возбуда не може да се контролира повеќе од една минута. Повеќе од 90% од жените не можат да доживеат кулминација во рок од две минути, па во таква врска дефинитивно трпи нивното задоволство.

„Постои голема варијација помеѓу паровите, па некои навистина водат љубов и до еден час, но има значително повеќе чии страсни сесии се кратки“, вели д-р Фиш. Тој додава дека мажите кои не можат да ја одложат кулминацијата две минути по почетокот на односот, но не ја доживеат по 40 минути водење љубов, дефинитивно треба да го посетат својот лекар.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk