logo
logo
logo

Дали СЕ КРИЈАТ ДОКАЗИ ЗА НЛО?

Vecer | 07.06.2023

Дали СЕ КРИЈАТ ДОКАЗИ ЗА НЛО?

Свиркачот и поранешен разузнавач Дејвид Груш тврди дека му предал доверливи информации на американскиот Конгрес за тајни програми за кои тој тврди дека Пентагон пронашол „непроменети или делумно непроменети летала“ кои не се направени од човекот.

Неговата жалба наведува дека доказите за вонземска технологија биле незаконски задржани од конгресниот надзор од страна на разузнавачката заедница за „намерно да се осуети надзорот на Конгресот над програмата UAP“.

Груш додаде дека е предмет на одмазда за неговите откритија.

Тој тврди дека биле пронајдени фрагменти од „егзотично потекло (нечовечка интелигенција, вонземско или непознато потекло)“. Неговите изјави ги потврди и друг разузнавач Џонатан Греј, кој истражува НЛО. „Феноменот на нечовечка интелигенција е реален. Ние не сме сами“, рече Греј, додавајќи дека тоа е глобален феномен, но сепак глобално решение ни бега.

Дејвид Груш е 36-годишен американски ветеран кој бил член на Работната група за неидентификувани летечки објекти, а од 2019 до 2021 година служел како претставник на Националната канцеларија за извидување, една од петте големи американски разузнавачки агенции. Во април оваа година тој ја напушти американската администрација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk