logo
logo
logo

Дали принцезата Дајана ИМАЛА ДВОЕН ЖИВОТ?

Vecer | 05.08.2021

Дали принцезата Дајана ИМАЛА ДВОЕН ЖИВОТ?

Иако многумина веруваат дека принцезата Дајана имала искрена љубовна врска со Доди Ал Фајед, се покажа дека вистината е сосема поинаква од тоа што се шпекулира.

Поминаа повеќе од две децении од смртта на принцезата Дајана, жената која беше сакана од целиот свет. Нејзиниот живот и смрт продолжуваат да ја интригираат јавноста, а британскиот новинар Мартин Башир, кој во 1996 година имаше долг и интимен разговор со принцезата за нејзиниот живот, даде детали за нејзиниот љубовен живот, кои се сосема различни од се што било напишано во медиумите и она што можевме да го замислиме.

Имено, според него, љубовта на нејзиниот живот не била Доди Ал Фајед, како што се шпекулираше, туку сосема друга личност за која јавноста не знаеше ништо.

Дајана била во љубовна врска со Хазнет Кан, пакистански хирург кој живеел и работел во Лондон.

Лекарот, кого Дајана наводно им го опишала на своите пријатели како „љубовта на нејзиниот живот“, се плашел од културните разлики што ги имале, но и од големото медиумско внимание за кое не бил подготвен.

Наводно, Дајана и Хазнет имале прилично гласна и јавна расправија во една прилика, во лондонскиот Хајд парк. Принцезата тогаш му поставила ултиматум - или ќе ја открие својата врска, или целосно ќе ја прекине. Тој очигледно немал храброст до таа мера што ја имала убавата Дајана.

Во подоцнежната полициска истрага за нејзината смрт, Кан и откри на полицијата дека Дајана од него ја криела врската со Доди. На последната ноќ од нејзиниот живот, Кан, наводно, и се јавувал постојано, но таа не одговорила. Таа верува дека го сменила својот телефонски број и одлучила целосно да го прекине контактот со него.

Сепак овие информации не се целосно потврдени, па нејасно е дали принцезата навистина имала двоен живот како што тврдат некои меѓу кои и Башир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk