Сè поголем број успешни музичари се вртат кон платформата OnlyFans за да преживеат, бидејќи повеќе не можат да се издржуваат само од музика и турнеи.
Меѓу нив се мулти-платинестата поп-ѕвезда Лили Ален, номинираната за Брит наградата Кејт Неш, андерграунд уметницата Брук Кенди и раперката Руби Роуз - сите тие се приклучија на платформата за да го пополнат буџетот.
Кејт Неш, некогаш едно од најпочитуваните имиња на британската кантавторска сцена кон крајот на 2000-тите, во декември призна дека морала да продава фотографии од своите задници за да ја финансира својата турнеја, поради растечките трошоци на музичката индустрија.
Немам богати родители. Не познавам милионери кои би инвестирале во мене. Ајде да го претвориме во панк протест и да видиме дали мојот задник вреди повеќе од музиката“, изјави таа за „Сандеј тајмс“.
Хитмејкерот на „Foundations“, исто така, објасни дека турнеите станале премногу скапи за повеќето независни уметници, при што многу музичари сега дури и се задолжуваат само за да можат воопшто да настапуваат.
„Цената за изведување музика во живо се зголеми за 30,3% во последните две години. Само во Велика Британија, минатата година се затворија 125 концертни места. А вредноста на снимената музика е трагично ниска - добиваме 0,003 пени по стрим“, рече таа.
Лили Ален, авторката на хит-песната „Smile“, има сличен став, велејќи дека заработува повеќе пари продавајќи слики од своите стапала на OnlyFans отколку стримувајќи на Spotify.
„Замислете си уметник со речиси осум милиони месечни слушатели на Spotify, а заработувате повеќе пари од 1.000 луѓе кои плаќаат за слики од вашите стапала. Не го мразете играчот, мразете ја играта“, рече таа на мрежата X минатиот октомври.
Андерграунд поп-уметницата Брук Кенди, чија песна „Drip“ беше искористена во добитникот на Оскар, „Anora“, е најновото име што се придружи на платформата.
Иако има импресивен каталог и соработки со големи ѕвезди како Сиа и Чарли XCX, таа одлучи да споделува и „нецензурирана“ содржина за 9,99 долари месечно.
Руби Роуз, раперка која се проби за време на пандемијата во 2020 година, признава дека на почетокот сè било „кул“, но сега чувствува дека нема избор.
„Беше забавно првите неколку години, но сега... морам да продолжам со тоа“, рече таа во неодамнешно интервју со подкастерката Боби Алтоф.
„Дефинитивно ми го наруши имиџот, но тоа беше моја одлука и сега морам да го туркам.“
Денес, таа заработува шестоцифрена сума секој месец - многу повеќе отколку што некогаш заработувала како музичарка.
Иако на OnlyFans можат да заработат сериозни пари, стигмата сè уште постои.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата