logo
logo
logo

Жена го донела својот починат вујко во банка за да подигне кредит

Vecer | 04.05.2025

Жена го донела својот починат вујко во банка за да подигне кредит

Ерика де Соуза Виеира Нунес (43) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност и измама во Бразил кога вработените во банката сфатиле дека човекот пред нив всушност е мртов.

На снимката од безбедносните камери, може да се види како човекот Пол Роберто Брага (68) ја тресе главата напред-назад, а очите му се затворени. Ерика го донела во инвалидска количка до банката, и во еден момент човекот останал со отворена уста. Ерика била снимена како го држи вратот и главата на вујко ѝ исправено додека го моли да потпише барање од четирицифрена сума иако човекот бил мртов.

Жената се преправала дека му зборува цело време, велејќи: „Чичко, ме слушаш ли? Мора да потпишеш. Не можам да потпишам наместо тебе. Потпиши се овде и престани да ми создаваш главоболка.“

Преплашените банкарски работници сфатиле што се случува и повикале полиција и итна медицинска помош, кои потврдиле дека Пуло Роберто Брага е мртов пред да биде донесен во банката.

Во април минатата година, таа отишла во банка за да се обиде да земе заем од 2.500 британски фунти. Обвинителите се обиделе да ѝ достават на Нунес судска покана за почетокот на судењето на 14 мај.

Сепак, на претходното рочиште на 30 април, адвокатите на одбраната побараа од судиите во Судот на правдата во Рио де Жанеиро да го прекинат судењето, тврдејќи дека таа е премногу болна за да се појави.

Одбраната изјави дека таа била примена во психијатриско одделение со тешка анксиозност и депресија и се обидела да си го одземе животот. Лекарското уверение издадено на 12 март било доставено до судиите кои сега ќе го разгледаат барањето и дополнителните медицински извештаи пред рочиштето овој месец.

Се очекува шест сведоци да сведочат на рочиштето, доколку тоа се одржи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk