logo
logo
logo

Дали е СУПЕРМЕН? Човекот што го проголта кит преживеал и пад со авион во 2001!?

Vecer | 13.06.2021

Дали е СУПЕРМЕН? Човекот што го проголта кит преживеал и пад со авион во 2001!?

Откако „ЊујоркПост“ ја објави неверојатната вест за човек кој беше во устата на кит и преживеа, а која ја пренесовме вчера, новинарите почнаа да истражуваат понатаму и наидоа на напис во еден локален весник од 2001 година за авионска несреќа.

Меѓу петмината преживеани бил и Мајкл Пакард. На почетокот не беше јасно дали станува збор за истиот човек, но откако ја контактираа семејната галерија што ја водеше неговата мајка, им беше потврдено.

Мајкл Пакард кој го проголта кит и Мајкл Пакард кој ја преживеа авионската несреќа се истата личност, пишува „ЊујоркПост“.

Мајкл, бил во авион кој се урнал во Костарика, при што загинале три лица. Мајкл бил тешко повреден, имал повеќе скршеници на екстремитетите, и заедно со уште четворица патници поминале два дена во џунглата пред да бидат пронајдени.

Кога пристигнале во болницата, лекарот рекол дека немало да преживее уште една ноќ.

За потсетување, Мајкл стана ѕвезда во светските медиуми последниве денови затоа што тврди дека ловел јастози кога одеднаш сè му се стемни.

- Се чувствував како воз да ме удрил! Сè беше црно. Се прашував што по ѓаволите се случува?! Каде сум?! Не ме јаде голема бела ајкула, нели?! Но, тогаш сфатив дека ме проголта кит - рече Мајкл, кој, како што вели, кит го исплукал по 40 секунди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk