logo
logo
logo

Дадилка им го КИДНАПИРАЛА ДЕТЕТО пред 50 години: Ја пронашле ќерката преку ДНК анализа, а вака изгледала нивната ПРВА СРЕДБА

Vecer | 03.12.2022

Дадилка им го КИДНАПИРАЛА ДЕТЕТО пред 50 години: Ја пронашле ќерката преку ДНК анализа, а вака изгледала нивната ПРВА СРЕДБА

Американско семејство се соедини со киднапираната ќерка по 51 година користејќи ДНК анализа.

Мелиса Хајсмит имала 22 месеци кога наводно била киднапирана од нејзината дадилка во 1971 година.

Fort Vorth Star-Telegram објави дека Мелиса живеела во Форт Ворт поголемиот дел од нејзиниот живот како Мелани Браун и не знаела дека била киднапирана се додека нејзиниот биолошки татко Џефри Хајсмит не поднел ДНК на анализа и дознал дека неговата ДНК се совпаѓа со онаа на Мелани Браун.

Во соопштението за медиумите семејството рече дека работеле со генеалог-аматер за да помогне во интерпретирањето на резултатите од ДНК и истражување на јавни записи за да се најде Мелиса, која повторно се соедини со нејзините биолошки родители и браќа и сестри минатиот викенд.

- Тоа беше  мешавина од радост и шок. Бев исплашена и возбудена и само се обидувам да разберам, да сфатам се - изјави Мелиса Хајсмит.

Во соопштението од понеделникот, полицискиот оддел во Форт Ворт изјавија дека „се воодушевени“ кога слушнаа дека 23andMe ги довела семејството Хајсмит до Мелиса и дека ќе биде спроведена официјално ДНК тест за да се потврди нејзиниот идентитет. Истрагата за нејзиното киднапирање ќе продолжи.

- Не можев да престанам да плачам. Бев пресреќна и се уште не ми се верува дека сестра ми е пред мене и дека ја најдовме – напишала на Фејсбук сестрата на Мелиса, Викторија Гарнер.

Според Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца, биолошката мајка на Мелиса Хајсмит, Алта Апантенко, неодамна се разделила од таткото на девојчето и се преселила во Форт Ворт кога објавила оглас во весникот за бебиситерка. Жената која се јавила на огласот рекла дека сака да го чува бебето во својот дом, а г-ѓа Апантенко се согласила. Таа дадилка го земала бебето од цимерот на Алта на 23 август 1971 година и никогаш не го вратила, пренесува Еспресо.

Семејството изјави дека никогаш не заборавиле на Мелиса.

- 50 години мајка ми живееше со вината дека ја изгуби Мелиса. Таа, исто така, живееше со обвинувања од заедницата и од целата земја дека го повредила или убила сопственото бебе. Многу ми е мило што ја вративме Мелиса. Благодарна сум и што обвиненијата против мајка ми веќе не важат - изјави Шерон Хајсмит, помладата сестра на Мелиса.

Хајсмит, таткото на Мелиса, изјавил дека семејството никогаш не се откажало од надежта дека ќе ја најде својата ќерка, пишува Еспресо.

- Имавме неколку совети. Ќе одевме во други земји. Одевме и разговаравме со различни девојки, правевме ДНК и нашите надежи беа срушени. Беше тешко – рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk