Сателитите на НАСА регистрираа огромна маса на топла вода, широка стотици милји, која се движи низ Тихиот Океан во близина на брегот на Јужна Америка. Научниците предупредуваат дека оваа аномалија е јасен знак за пристигнување на екстремниот климатски феномен познат како „Супер Ел Нињо“.
Сателитот Sentinel-6 веќе неколку месеци детектира последователни топли „Келвинови бранови“ кои се движат кон исток. Како резултат на тоа, нивото на морето кај бреговите на Перу во моментов е за над 15 сантиметри повисоко од вообичаениот просек, што сведочи за огромната топлотна енергија што се акумулира во океанот.
Што не очекува?
Иако феноменот годинава започна малку подоцна во споредба со рекордните силни бранови од 1997 и 2015 година, тој веќе забрзано ги достигнува тие нивоа.
„Преку следење на овие масивни бранови ги подобруваме прогнозите за екстремни временски прилики и му помагаме на општеството навреме да се подготви за потенцијалните опасности во крајбрежните подрачја“, изјави Наѓа Виноградова Шифер од седиштето на НАСА во Вашингтон.
Светската метеоролошка организација веќе упати глобално предупредување дека со доаѓањето на овој Ел Нињо се очекуваат надпросечни температури во речиси сите делови на светот. Најжестоките и најизразени топлотни бранови се прогнозираат за Европа, северна Африка, голем дел од Азија, Централна Америка и Карибите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата