logo
logo
logo

Доколку беше таму сам тој ќе умреше! Во тој момент сфатив дека ние не сме народ - ние сме нелуѓе!

Vecer | 23.06.2021

Доколку беше таму сам тој ќе умреше! Во тој момент сфатив дека ние не сме народ - ние сме нелуѓе!

Во животот можеш да се потпреш само на себе – е најдобрата реченици која го опишува искуството на една жена од Белград. Опкружена со 150 луѓе додека нејзиниот сопруг се борел за воздух пред себе видела тажна слика за едно општество, “управувано од емпатија”.

Таа за Блиц го раскажала своето непријатно искуство кое и се случило кога таа се враќала од летен одмор.

Нејзината изјава ви ја пренесуваме во целост:

Пред неколку години се враќав од летен одмор од Црна Гора каде бев со мојот сопруг. Тргнавме во 7 навечер од Херцег Нови и некаде кај полноќ возачот на автобусот реши да направи пауза во близина на Златибор. Го запре автобусот без при тоа да му се доближи до тротарот и помеѓу тротоарот и автобусот. Искочивме надвор, а мојот сопруг се движеше позади мене. На вратата од автобусот се создаде гужва, па некои луѓе се бутнаа помеѓу мене и него. Кога се симнував од автобусот ја видов дупката и искоментирав дека доколку некој не ја види може одма да скрши нога, се сеќава таа.

Се сетила дека треба да го почека сопругот да се симне но бидејќи автобусот бил полн со патници, решила да се тргне на страна. Во еден момент, таа видела како едно момче му помага на нејзиниот сопруг да стане. И тоа што го помислив тоа се случи. Тој паднал во дупката. Се придвижив да му помогнам но само неколку минути откако успеа да застане на нозе тој се онесвести. Успеав да го повлечам и да му ја спуштам главата полека кон бетонот. Како што тој падна така сите други патници почнаа да бегаат. Во тој момент си помислив дека впрочем луѓето се нелуѓе. Понекогаш секунда ви се чини како вечност, а во таа секунда јас сфаќам дека ако не го вратам сопругот од бесознание дека тој ќе се задуши. Ја видов сината боја која му го покрива лицето и слушнав како се гуши. Но и во таа долга секунда сфаќам дека немам ништо  во мене, ниту вода ниту сила да му помогнам, вели таа.

Знам дека лекарите понекогаш ги будат пациентите удирајќи ги по образот. Замавнав со сета сила и фала му на Бога тој се разбуди. Му помогнав да стане. Ногата почна да му отекува но не видов модринки ниту пак скршеница. Беше во голема болка. Од толку луѓе во автобусот никој не не праша како сме, како е тој. Дали можеби ни треба вода или било што. Во тој момент сфатив дека јас се плашам од луѓе, поточно од она во што се претвориле. Јас повторно око не затворив – седев и набљудував дали можеби пак ќе се онесвести. Но знаев дека тоа веројатно му е реакција од шокот, од повредата и дека веројатно мојот сопруг се срами дека паднал во дупка. Тој се срамеше од оние 150 души во автобусот кој во ниту еден момент не можам да ги наречам луѓе, вели таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk